Трет ден протести

Денес сме пред Државниот завод за статистика, институција специфична по обемот и делокругот на својата работа, а вработените како и во министерствата со едни од најниските плати во државата.

Сакам да ја потсетам Владата дека ова е Протест, а не штрајк, иако Владата секојдневно тоа го кажува.

Штрајк значи не извршување на работни задачи, а доколку вработените од Државниот завод за статиситка не извршат само една работна задача од нивниот делокруг, а тоа е пресметка и објава на просечната месечна плата на ниво на држава, ќе се доведе во прашање работата на многу институции, а последиците ќе ги трпат граѓаните.

Членовите на синдикатот на УПОЗ се одлучија да го изразат своето незадоволство токму преку одржување на получасовен протест за да граѓаните и приватниот сектор не трпат никакви последици.

Воедно сакам да Ве информирам дека во овој момент 988 вработени се уште немаат добиено плата за месец декември.

Се работи вработените во сите инспекторати во државата. Поради доцнење на Министерството за финансии кои навремено не ги презеде обврските согласно законските измени остави 988 вработени без плата, без вратени кредити, без платени сметки во најдолгиот месец од годината. Вчера истече и законскиот рок за исплата на плата која се исплаќа најдоцна до 15тиот ден во месецот и се уште нема информација кога и дали овие вработени ќе добијат плата.