На ден 13.11.2025 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 33. седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ.
Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 49 неповратни барања во вкупен износ од 255.000,00 денари.
Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот по поднесените барања на ден 13.11.2025 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата 33-та седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.
По основ парична помош за боледување беа поднесени осум барања во вкупен износ од 49.300,00 денари.
Едно барање беше реализирано по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 30.000,00 денари.
Три барања беа реализирани по основ во исклучителни случаи (по член 34) во вкупен износ од 18.000,00 денари, а на оваа седница беа одобрени и седум позајмици во вкупен износ од 235.000,00 денари.
Во периодот меѓу двете седници од 09.10 до 12.11.2025 година, согласно Правилникот за Солидарен фонд, беа одобрени и исплатени вкупно 96 барања по следниве односи:
• Парична помош за новороденче – 14 барања во износ од 56.000,00 денари;
• Парична помош за пензионирање – девет барања во износ од 27.000,00 денари;
• Парична помош за прваче – 23 барања во износ од 92.000,00 денари;
• Парична помош за лекување – едно барања во износ од 30.000,00 денари;
• Парична помош за смрт на член на Фондот – едно барање во износ од 20.000,00 денари;
• Парична позајмица – две барања по друг основ во вкупен износ од 40.000,00 денари;
• Парична позајмица за лекување во износ од 40.000,00 денари;
• Парична позајмица (до 15.000,00 денари) – четири барања во износ од 60.000,00 денари;
• Парична позајмица за спортски игри и средби – 40 позајмици во вкупен износ од 608.000,00 денари.
Комисијата и понатаму ќе продолжи активно да ги помага членовите на Синдикатот на УПОЗ, преку навремено разгледување и одобрување на поднесените барања согласно Правилникот за доделување на парична помош од Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ.