Генералниот секретар на ЕПСУ во посета на Синдикатот на УПОЗ


На покана на Синдикатот на УПОЗ, претседателот Трпе Деаноски оствари работна средба со генералниот секретар на Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (ЕПСУ), Јан Вилем Гудриан.

​На средбата, која се одржа во рамките на годишната конференција на синдикатите од Централна Европа и Западен Балкан во Скопје, генералниот секретар беше запознаен со клучните активности на Синдикатот на УПОЗ во изминатата година. Како особено значаен успех беше истакнато потпишувањето на поединечните колективни договори на ниво на работодавач, со кои значително се унапредуваат правата на вработените во управата и правосудството.

​Генералниот секретар на ЕПСУ ги поздрави постигнатите резултати и заложбите на Синдикатот на УПОЗ, нагласувајќи дека ЕПСУ и во иднина ќе продолжи со силна и безрезервна поддршка за сите активности на синдикатот.

European Public Service Unions (EPSU)


Статистика

  • Корисници 2
  • Артикли 451
  • Посети на артикли 894242

Онлајн

Имаме присутни 119 гости и нема членови