СИНДИКАТОТ НА УПОЗ И ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЌЕ ГИ УНАПРЕДАТ ПРАВАТА ПРЕКУ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Денес во просториите на Општина Кавадарци, беше остварена работна средба помеѓу Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, на која заеднички се констатираше дека е потребно да се унапредат правата од работен однос преку потпишување на колективен договор. 

Од страна на Генералниот секретар беше посочено дека прва активност која ќе биде пореземена од страна на Синдикатот на УПОЗ е формирање на синдикална организација, а со тоа ќе се отпочне и со подготовка на текст на колективен договор. 

Преку колективен договор во Општина Кавадарци ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата, право на регрес за годишен одмор, повеќе денови за платено отсуство итн.