Во изминатите два дена во Дојран, Синдикатот на УПОЗ преку Секцијата на млади одржа интензивен и продуктивен тренинг на кој учествуваа 18 учесници.

Работилницата ја водеа: Трпе Деаноски – Претседател на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски – Генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ и Љупка Апостоловска – Стручен соработник при Синдикатот на УПОЗ кои ги запознаа учесниците со тоа што е Синдикат, како истиот фукционира и која е неговата улога.

👥 Учесници на оваа работилница беа млади членови на синдикатот вработени во институции од управата и правосудството, што овозможи продуктивни дискусии и размена на искуства за предизвиците со кои се соочуваат работниците во овие сектори.

✅ Преку интерактивни методи како работа во парови, групни дискусии, презентации, улоги, бура од идеи и пленарна работа, учесниците:
🔹 Подетално се запознаа со функционирањето на Синдикатот на УПОЗ;
🔹 Споделија проблеми од нивните работни средини и начини за нивно решавање;
🔹 Научија како да пристапуваат до потенцијални членови, и
🔹 Добија насоки за ефективна комуникација преку различни канали (Вибер, ФБ, веб-страна и сл.)

🚀 Своите искуства за синдикалната борба ги споделија:
✔️ Слободан Трендафилов – Претседател на Сојуз на синдикатите на Македонија , и
✔️ Иван Пешевски – Претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање.

Тие направија споредба помеѓу проблемите на вработените во приватниот и јавниот сектор, што ја збогати дискусијата и даде поширока перспектива за синдикалното дејствување.

🌍 Голема чест беше учеството на Петра Ившич од ЕПСУ, која сподели вредни информации за улогата на ЕПСУ во Европа и функционирањето на синдикатите во различни земји. Оваа сесија особено ги инспирираше учесниците и го прошири нивното разбирање за синдикалната работа на меѓународно ниво.

🌟 Тимскиот дух се зајакна и преку неформални собири, игри и дискусии, а на крајот од тренингот, се спроведе и евалуација, на која учесниците ги споделија своите впечатоци, предлози и идеи за идни активности.

🔹 Овој тренинг ни помогна да создадеме тим за регрутација, група мотивирани луѓе кои ќе помогнат во ширењето на синдикалното членство и децентрализацијата на активностите. Веруваме дека ова ќе придонесе за изградба на посилен и поефективен Синдикат на УПОЗ!

📍Овие активности беа реализирани преку проектот BUPS кој го спроведува European Public Service Unions (EPSU)

📢 Продолжуваме со нови активности – следете нè за повеќе информации! 💬👀

#Синдикат #Обука #СиндикалноЧленство #EPSU #WOTteam

Синдикалната организација при Основниот Граѓански суд Скопје членка на Синдикатот на УПОЗ претставувана од Претседателот на СО при Основен граѓански суд Скопје Ристе Лашкоски и заменик претседателот Бурим Хоти во името на сите членови на СО при Основен граѓански суд Скопје, донираше пет Аспиратори на Универзитетската клиника за детски болести.

Овие апарати се од големо значење во секојдневниот третман на децата со различна респираторни болести.

Директорот Д-р специјалист Реџеп Мемеди, во името на целиот персонал на Клиниката, изрази благодарност до сите членови на СО при Основен граѓански суд за покажаната солидарност и хуманост.

Ваквите акции на синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ ќе продолжат и во иднина.

На 26.02.2025 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 26. седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 46 неповратно барања во вкупен износ од 223.000,00 денари.

Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања во изминатиот период, на ден 26.02.2025 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата 26-та седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.

По основ парична помош за боледување беа поднесени 18 барања барања кои во вкупен изнесуваат од 137.500,00 денари. Седум барања беа поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 33.400,00 денари и четири задоцнети барања за парична помош за прваче во износ од 12.000,00 денари. Исто така, на оваа седница беа одобрени и пет позајмици (две за школување и три без основ) во вкупен износ од 75.000,00 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 24.01 до 25.02.2025 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 49 барања во вкупен износ од 298.000,00 денари од кои за:

  • Парична помош за новороденче – 23 барања во износ од 75.000,00 денари;
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – седум барања во износ од 70.000,00 денари;
  • Парична помош за пензионирање – 13 барања во износ од 39.000,00 денари;
  • Парична помош за лекување – едно барање во вкупен износ од 30.000,00 денари;
  • Парична помош за прваче – едно барања во износ од 3.000,00 денари;
  • Парична помош за лекување и медицински помагала – едно барање во износ од 30.000,00 денари  
  • Парична позајмица за лекување/школување – три барања во вкупен износ од 30.000,00 денари.

На ден 19.02.2025 година се одржа 19. Седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, на која се усвоија Измени и дополнување на Правилникот за Солидарен фонд.

Измените кои се направени се следни:
• Паричната помош за подолготрајното боледување ќе се смета од првиот ден на спреченост на работа, но барателот мора да има најмалку 30 дена континуирано боледување. Со 30 дена боледување, на барателот ќе му следуваат 3.000,00 денари наместо досегашните 1.000,00 денари.
• Зголемен е износот за парична помош за прваче и истиот од 3.000,00 денари се зголемува на 4.000,00 денари.
• Зголемен е износот за парична помош за новороденче и истиот од 3.000,00 денари се зголемува на 4.000,00 денари.
• За паричните позајмици за школување, лекување, елементарна непогода и други основи се зголемува максималниот износ на позајмицата од 30.000,00 денари на 40.000,00 денари.

Воедно согласно направената анализа а се со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот на УПОЗ, додадено е ново право на Парична позајмица без основ (со писмо барање на членот на Синдикатот), во висина до 15.000,00 денари и истата ќе се враќа на 6 еднакви месечни рати.

Ова право ќе може да го остваруваат најмногу 20 членови на Синдикатот месечно, а доколку има поголем број на барања, се прави листа на чекање и истите се реализираат наредниот месец.

Претседателството на Синдикатот на УПОЗ ја задолжи стручната служба при Синдикатот на УПОЗ да изготви пречистен текст на Правилникот за доделување на парична помош од Солидарниот фонд при Синдикатот на УПОЗ и членовите во правилникот да се нумерираат редоследно.

Сите барања кои се доставени до Комисијата за солидарен фонд до 19.02.2025 година, ќе бидат разгледани и решени согласно одредбите кои важеле до 19.02.2025 година.