Денес 08.11.2023 година, во просториите на Општина Валандово, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Валандово.

Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Валандово Гуна Маркova од едната страна и Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов од другата страна.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Валандово усогласување на платите, исплата на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 60%, право на јубилејна награда за 10, 20, 30 и 40 години но и можност за исплата на 13-та плата.  

По неколку дневната обука, заврши работилницата организирана од страна на Синдикатот на УПОЗ насловена Синдикалната борба и достапните механизми за заштита”, активност која беше реализирана со Синдикалниот центар за едукација и обуки од Скопје а е поддржана од страна на Европската младинска фондација при Советот на Европа.

На оваа обука, учествуваа 23 млади членови на Синдикатот на УПОЗ од 13 синдикални организации, кои покажаа интерес за дадената тема.

На почетокот на оваа работилница, свое обраќање имаше Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, кој даде краток осврт на активностите кои ќе бидат дел од овој проект, но ги запозна членовите и со агендата за настанот. По ова, учесниците беа запознаени со активностите со кои се соочува Синдикатот на УПОЗ во овој период, но и кое е значењето на синдикалното здружување.

По излагањето на Претседателот Деаноски, пред присутните се обрати и Претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов, кој ги поздрави присутните учесници и ги запозна со активностите кои ССМ ги спроведува во овој период. Исто така, Претседателот Трендафилов укажа на тоа дека овие активности кои Синдикатот на УПОЗ ги спроведува за своите млади членови, треба да бидат поттик и за останатите грански синдикати, да ги вклучат младите во процесите, затоа што младите треба да се движечката сила на Синдикатите.

За вториот ден, учесниците имаа можност да го слушнат предавањето по дадената тема на Професорот д-р Александар Ристоски од Правниот факултет Јустинијан Први – од катедрата на трудовото право. Работниот дел, беше поделен во три сесии, каде на почетокот Професорот Ристоски, со интеракција ја отвори темата за синдикално здружување, права на работниците и синдикатите кои произлегуваат од слободата на здружување, заштита од анти – синдикалната дискриминација. По овој дел, следеше работа по групи каде учесниците на оваа работилница се соочија со примери од пракса и истите ги разработуваа.

Втората сесија, беше насочена на колективното договарање, од причини што оваа тема е доста интересна за овој период а и за синдикалното движење. Во овој дел активно се вклучи и претседателот Деаноски, кој посочи дека колективното преговарање и договарање, е круна на секое синдикално организирање. Во минатата година, Синдикатот на УПОЗ потпиша повеќе од 40 колективни договори на ниво на работодавач, со кои беа унапредени правата од работен однос за вработените. Во натамошниот тек, се дискутираше за лицата врз кои се применуваат колективните договори, траењето на истите но и нивната примена.

За крај на третата сесија беше разработена темата на право на штрајк, кои се елементите на право на штрајк, процесите за почеток и спроведување на штрајк, неговото организирање итн. За оваа сесија, беше спроведена и работа во група, каде учениците ги пренесоа своите.

Една од задачите кои учесниците ќе ја имаат кога ќе се вратат во своите работни средини е да ги поттикнат младите по активно да се вклучат во креирањето на политиките во синдикатот.

Можеме да констатираме е потребно да се надградува знаењето кое младите го имаат за Синдикатите и ваквиот тип на обуки допринесуваат до активирање на младите членови во синдикатот.

Повторно судската служба е на улица. Повеќе од 1000 членови на Синдикатот на УПОЗ, активно зедоа учество на овој протест. Пред почетокот на судската ферија, се одржа дво-часовен протест, само од Скопските судови, со кој што се побара исто зголемување на плата како функционерите 78% и враќање на додатоците на плата. Членовите на Синдикатот на УПОЗ, од сите судови во државата денес во Скопје, повторно да го побараат истото. Овие луѓе овде за секое право што го добиле морале да се борат, ништо никогаш не им било дадено. Во 2002 година, 80 дена штрајк. Во 2016 година, 60 дена, штрајк.

Вработените во Јавните обвинителства од денеска стапуваат во ШТРАЈК.

Нашите барања се: зголемување на платите за 78% и враќање на додатоците на плата во висина од 35%.

За време на одржување на штрајкот, вработените во јавните обвинителства нема да работат, нити да  бидат на своите работни места.