Засилените активности на Синдикатоот на УПОЗ ќе резултираат со попишување на повеќе Посебни договори на ниво на работодавач
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) е во засилена активност и со задоволство може да констатираме дека претстои период кога досегашната напорна работа и лобирање ќе се финализира со потпишување на повеќе Колективни договори, односно Посебни договори на ниво работодавач, кои имаат разбирање за нашите барања.
Синдикатот на УПОЗ е во преговори со повеќе работодавачи, со дел од нив веќе сме пред потпишување на Посебни договори. Списокот е поголем, па така се очекува потпишување на договори со:
- Агенцијата за катастар на недвижности;
- Дирекцијата за заштита и спасување;
- Службен весник на РСМ;
- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
- Општина Гази Баба;
- Општина Свети Николе;
- Фонд за здравствено осигурување.
Веќе следните денови, поточно на 22.10.2019 година ќе се потпише Посебниот договор на ниво на работодавач со Агенцијата за катастар на недвижности а во пет други Општини, пак се отпочнати активности околу утврдување на текстовите на колективните договри.
Исто така, Синдикатот на УПОЗ по одржаната средба со Министерството за информатичко општетство и админситрација (МИОА) ги приближи ставовите околу различните гледања по одредени прашања во Гранскиот Колективен договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата, да бидат преточени во конечно ставање на потпис на овој значаен документ.
Кон крајот на овој, или во почетокот на идниот месец ќе се одржи и Годишната конференција на Синдикатот на УПОЗ на кој на дневен ред покрај другото ќе се најдат и активностите поврзани со потпишувањето на Колективни договори на ниво на работодавач, односно, нивниот статус, до каде се преговорите, кои се отворените прашања во преговорите, проблемите, но и начините за полесно надминување на овие фази.
Синдикатот на УПОЗ е упорен и нема да застане ниту да се откаже се додека не се потпишат повеќе Колективни договори на ниво на работодавач, со сите засегнати страни се со цел подобрување на правата на членовите на Синдикатот. Во оваа наша активност очекуваме поддршка и од наши членови, но и нивен придонес кон поквалитетни решенија на текстовите на колективните договри.