СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ ПРИ СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ЈА ОДРЖА СВОЈАТА РАБОТИЛНИЦА ОД ПРОЕКТОТ “ПРАВА НА РАБОТА, РАБОТАТА ЗА ПРАВАТА”

На ден 23.07.2019 година во просториите на Синдикатот на УПОЗ, Секцијата на Млади при Синдикатот на УПОЗ предводена од претседателот Бојан Трипуноски, ја одржаа работилницата во рамки на Erasmus+ проектот “ПРАВА НА РАБОТА РАБОТАТА ЗА ПРАВАТА” на која учество земаа десетина млади членови на Синдикатот на УПОЗ.

 На оваа работилница, присутните беа запознаени која е примарната цел на Синдикатот и како истиот функционира. Од страна на претседателот на Секцијата, беше презентиран извештајот од анкетата спроведена за проектот “ПРАВА НА РАБОТА, РАБОТАТА ЗА ПРАВАТА” на темата “Дали сте запознаени со вашите права од работен однос”, на која беа испитани над 200 млади вработени во државната управа.

Во текот на работилницата, преку практични примери беше разговарано за повреда на правата од работен однос кај младите вработени, но и беа договорени натамошните активности кои треба да бидат спроведени за потребните на овој проект.

Секцијата на Млади во периодот кој следи ќе ја зголеми својата видливост, со цел што повеќе млади вработени да се приклучат кон креирање на подобри работни места.