Незадоволство од состојбата со платите постои и во Бирото за јавни набавки, кое е орган во состав на Министерството за финансии.

Платите на вработените во Бирото воопшто не се зголемени со години, ниту пак се овозможи исплата на додадоци на плата како што беше предвидено за министерствата минатата година, иако Владата постојано збори дека борбата против корупцијата и е главен приориотет, при што јавните набавки имаат централно место во оваа заложба.

Зошто се дозволува слабеење на оваа важна институција кога знаеме дека низ системот на јавни набавки се трошат преку 1 милијарда евра јавни пари годишно? Законот му дава на Бирото бројни надлежности за контрола. Во што е работата на Бирото помалку сложена или помалку одговорна од другите чинители во управувањето со јавните финансии? 

И оваа институција се соочува со истите ризици на одлив на стручен и искусен кадар сега кога земјата влезе во евроинтеграциските процеси. Да потсетиме дека Бирото прво го отвори билатералниот скрининг на земјава со Европската комисија и е носител на посебно поглавје во кластерот фундаменти, а вработените добија пофалби за ефикасноста и ефективноста со кои ги реализираа овие клучи активности.

Зошто никој не се сетил дека маргинализирањето на Бирото несомнено ќе ги ослабне капацитетите на државата да управува со системот на јавни набавки и ефективно да се бори против корупцијата? А неможноста правично да се вреднува трудот на вработените ќе доведе токму до тоа.

Денес, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Ранковце. 

Колективнито договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Денаоски и претседателот на Синдикалната организцаија при Општина Ранковце Даниел Николовски од другата страна и Градоначалникот на Општина Ранковце Борче Спасовски од другата страна. 

Со овој колективен договор се унапредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Ранковце и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен изнс за регрес за годишен одмор итн. 

Унапредување на соработката, присуство на Синдикатот во работата на Судскиот буџет, продолжување со исплатата на додатоците на плата на судската служба беа дел од прашањата на Синдикатот на УПОЗ на првата средба со новоизбраниот претседател на Судскиот совет г-ѓа Весна Дамева и заменикот претседателот г.Селим Адеми

Претставници на Синдикатот на УПОЗ, на првата средба со Претседателката на Судскиот совет, проследија низа барања за заштита на правата на членовите и вработените во судската служба.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ го честиташе изборот за претседател на Судскиот совет на Р. Македонија, а воедно побара соработката помеѓу Синдикатот и Судскиот совет да се подигне на повисоко ниво бидејќи истата во изминатиот период беше на најниско можно ниво.

Исто така, беше побарано исплатата на додатоците на плата да биде во ист износ за судските службеници и судиите за да се намали незадоволството кое моментално владее во судовите.

Претседателката на Судскиот совет изрази подготвеност за подобрување на соработката помеѓу Синдикатот и Судскиот совет и како прва мерка за подоврување на соработката е отворената покана претставник на Синдикатот на УПОЗ да присуствува во работата на седниците на Судскиот буџетски совет.

Од нејзина страна беше истакнато дека работата во судовите е тимска и дека судиите не можат без судската служба но и дека судската служба не може без судиите, а воедно истакна дека во иднина сите отворени прашања ќе се решаваат заеднички и со поддршка на Судскиот совет на РСМ и Судскиот буџетски совет, во рамки на своите надлежности.