Денес 21.12.2022 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата седма седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 51 неповратно барање во вкупен износ од 193.600,00 денари.
Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања, на 21.12.2022 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата седма седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.
По основ парична помош за боледување беа поднесени вкупно 10 барања, а одобрени беа девет, со вкупен износ од 61.800,00 денари.
Едно барање беше поднесено по основ парична помош за лекување, и на членот му беше одобрен износ од 20.000,00.
По основ парична помош за загрозена материјална состојба беа реализирани три барања во вкупен износ од 30.000,00 денари, а две барања беа реализирани и по основ на парична помош за исклучитечни случаи во вкупен износ од 12.000,00 денари.
Исто така на седницата беа разгеледани и четири барања за парична позајмица во вкупен износ од 74.000,00 денари.
Во периодот меѓу двете седници од 05.11.2022 година до 21.12.2022 година, согласно Правилникот за солидарен фонд беа одобрени и исплатени вкупно 51 барања во вкупен износ од 193.600,00 денари и тоа:
• Парична помош за новороденче – 17 барања во износ од 51.000,00 денари
• Парична помош за смрт на член на потесно семејство – пет барања во износ од 50.000,00 денари
• Парична помош за пензионирање – 15 барања во износ од 44.600,00 денари
• Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – едно барање во износ од 3.000,00 денари (исплата за заболените членови од Ковид 19);
• Парична помош во исклучителни случаи – едно барања во износ од 6.000,00 денари.
• Парична помош за прваче – 13 барање во износ од 39.000,00 денари.