• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

09.04.2021 година

rsz_УХМР.jpg

Потпишување на Колективен договор и продолжување на социјалниот дијалог и партнерство беа темите за разговор на денешната средба на претставниците на Синдикатот на УПОЗ и директорот на Управата за хидрометеооролошки работи (УХМР).

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ Пецо Грујовски, Генералниот секретар Трпе Деаноски, Претседателот на Синдикалната организација при (УХМР) Радмила Бојковска, одржаа работна средба со Директорот на (УХМР).

 

Главно прашање на оваа средба беше продолжување на активностите за потпишување на Колективен договор за вработените во УХМР со цел да се подобрат правата од работен однос на вработените и да се прецизираат нивните обврски.

Директорот на УХМР г – дин Костадин Ацевски изрази подготвеност за подобрување на воспоставената соработка со Синдикатот на УПОЗ и подобрување на правата на вработените, а дека еден од приоритетите во неговиот мандат ќе биде и склучување на Колективен договор.