На ден 20.12.2022 година, во просториите на Општина Сарај, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Сарај.
Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на синдикалната организација Рамадан Рамадани од едната старна и Градоначалникот на Општина Сарај Блемир Беџети од другата страна.
Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и другите прашања во врска со работниот донос на вработените при Општина Сарај и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ за регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, изрази големо задоволство од постигнатите решенија и потпишувањето на Колективниот договор и истакна дека само преку социјален дијалог можат да се решат сите отворени прашања кои се однесуваат на вработените.