26.06.2023 година
Од месец јуни до месец декември 2023 година, младите членови на Синдикатот на УПОЗ ќе имаат можност да бидат дел од проектот “ГЛАСОТ НА МЛАДИТЕ Е ГЛАСОТ НА ИДНИНАТА” кој е поддржан од страна на Европската младинска фондација на Советот на Европа.
Активностите кои произлегуваат од меѓународна иницијатива а се фокусираат на зајакнување на капацитете на младите и поголема вклученост во креирањето на политиките, ќе се реализира преку работилницата на која ќе се разменат искуствата од синдикатите во регионот.
Младите синдикалци од Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Турција, и Грција преку шест месечна активност ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења и вештини кои ќе им помогнат поактивно да земат учество во демократските процеси во Синдикатите, да се залагаат за поголеми права за младите но и еднаков пристап за правата на младите.
Овој проект е координиран од страна на Здружението за едукација и развој од Црна Гора и Синдикатот на Управата и правосудството на Црна гора а партнери се Институтот за младински развој КУЛТ од Босна и Херцеговина, Развојниот центар за млади од Србија, Синдикатот на комуналните рабоници од Србија, Синдикатот на УПОЗ од Македонија, Синдикатот на управата од Република Српска и Синдикатот Млади Плус од Словенија.
Гласот на младите е гласот на индината и со оваа активност ќе се покаже дека младите треба повеќе да бидат вклучени во креирањето на политиките, како на локално така и на национално ниво.