Потпишан Општ колективен договор за јавниот сектор

Вчера 18.07.2023 година, после неколку месечни интензивни преговори помеѓу Сојузот на Синдикатите на Макединија и Владата на РСМ, се потпиша нов Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор.

Се со цел да ги информираме членовите на Синдикатот на УПОЗ, во натамошниот текст Ве запознаеме со тоа што е договорено со новиот ОКД за јавен сектор, а тоа е следново:

  • Од месец март 2025 година, Основната бруто плата ќе биде составен од просечна плата и коефициент на сложеност на работно место. Основната бруто плата се пресметува на начин што просечната бруто плата за претходната година се множи со коефициентот на сложеност на работно место;
  • Зголемување на основната бруто плата во износ од 10%, започнувајќи од месец септември 2023 година;
  • Доколку индексот на трошоците на живот во првите шест месеци во 2024 година, споредено со индексот на трошоците на живот за првите шест месеци во 2023 година надминува 3%, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува во процентуален износ за разликата до 3%.
  • Исплата на јубилејни награди за непрекината работа кај ист работодавач од 2024 година и тоа на следниов начин:
    • За 10 години – 50% од просечната нето плата во Републиката исплатена за претходната година;
    • За 20 години – 100 % од просечната нето плата во Републиката исплатена за претходната година;
    • За 30 години – 150 % од просечната нето плата во Републиката исплатена за претходната година и
    • За 40 години – 200% од просечната нето плата во Републиката исплатена за претходната година.
  • Регрес за годишен одмор во износ од 30 % од просечната нето плата исплатена за претходната година од 2024 година, а регресот за годишен одмор за 2023 година изнесува 10.000,00 денари нето износ;
  • Најдоцна до декември 2024 година, да се утврдат коефициентите на сложеност на работно место (на две децимали) за сите работни позиции, а доколку во утврдениот период не се склучи спогодба и не се утврдат коефициентите, коефициентот на сложеност на работното место се пресметува на начин што основната бруто плата плата на вработениот исплатена за месец септември 2023 се става во однос со просечно исплатената бруто плата по вработен за 2023 година, согласно објавените податоци на Државниот завод за статистика, зголемен за 5%.

Со последната точка од ова известување, Синдикатот на УПОЗ заедно со Сојузот на Синдикатите на Македонија до декември 2024 година, ќе преговара со ресорните министерства и преку Колективен договор ги утврди коефициентите на сложеност на работно место, каде стартниот коефицент на првото работно место ќе биде не помал од 0.80 %, предлог кој Синдикатот на УПОЗ го има веќе доставено до Министерството за финансии и е разговарано на Економско социјалниот совет.

Исто така, Колективните договори кои се склучени ниво работодавач, а во кои има утврдени поголеми права од ОКД за јавен сектор, вработените ќе го уживаат поповолните права за нив.

Се надеваме дека овој социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите ќе продолжи и во следниот период.