Повеќе од 50 млади синдикални активнисти од Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Грција, Турција и Босна и Херцеговина, беа учесници на Првата Академија за млади Синдикални лидери, која се одржа во Чајн – Црна Гора.
Од 15. Септември, врз основа на заеднички изработена наставна програма за неформално образовани на синдикалните активисти, тие се запознаа со основите на синдикализмот, улогата и значењето на синдикатите и нивната неопходност од соодветна заштита на трудот и сите други социјални права. Фокусот беше на потребата за зајакнување на младинските секции и создавање нови генерации млади синдикални лидери кои ќе дејствуваат како мотиватори, едукатори и пример за останатите членови.
“Од своето формирање до денес, Синдикатот е важна алка на граѓанското општество и рамноправен социјален партнер во социјалниот дијалог, а денес се доживува како структура во која членството обезбедува купување на рати. Ова е слика сакаме да ја промениме, и да докажеме дека Синдикатот е важен канал за артикулирање на потребите и приоритетите на младите луѓе и алата за нивно ставање повисоко на акендата на заедницата. Особено сме задоволни што успеавме на едно место да собереме млади од седум држави, а тоа јасно покажува дека желбата на сите нас е да го вратиме угледот на синдикатите и да покажеме дека младата генерација активнисти има што на понуди на ова општество” – рече Бојан Трипуноски, Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, инаку еден од организаторите на оваа Синдикална академија.
Во улога на коорганизатор на средбата беше и Развојниот центар за млади која беше преставувана од Анастасија Ненадович која го искажа задоволството што пред нејзината организација и аголот на делување, ќе допринесат за креирање на квалитетна програма и динамични содржини за младите.
Преку кратки теоретски предавања, но пред се и саем на синдикатите учесници, динамичната работа во мали групи, размеан на искуства, панел дискусија, анализа на студии, се само неколкуте активности со кои младите се стекнаа со драгоцено знаење за синдикалното движење, како посебна категорија на младите во важните животни процеси.
Оваа академија, се одвиваше со неформално образование, со кое многу од учесниците прв пат се запознаа.
Формални организатори на оваа академија беа Здружението АЕР од Црна Гора и Развојниот центар за млади од Србија, кои стојат рамо до рамо со синдикатите од администрацијата и судовите во регионот. Оваа академија за млади синдикални лидери, во иднина треба да стане традиционална во која ќе се вклучат поголем број на учесници.
По завршување на образовниот процес, младите активисти ќе креираат кампања "Trade Unions are IN - involve, influence, act", но и локални акции со цел запознавање на своите врсници за добиените информации.
Оваа активност е финансирана од страна на Европската комисија низ Ерасмус + програмата К3 – European Youth Together и Европската младинска фондација при Советот на Европа.