ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ДОБИЈАТ УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ИЗНОС ОД 2.806,00 ДЕНАРИ

Во просториите на Општина Центар претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на СО при Општина Центар Лидија Неделковска од едната страна и градоначалникот Горан Герасимовски од другата страна, беше потпишан анекс на колективниот договор за вработените во Општина Центар, преку кој вработените во општината со платата за месец август, ќе добијат усогласување во износ од 2.806,00 денари. 

Во месец септември, двете страни се договорија да се отпочне со подготовка на нов текст на колективен договор, со поголеми права за вработените во општината.