Износот на платите во администрацијата, исплата на плата пониска од минималната плата, почитување на одредбите на колективните договори и вакцинација на вработените во администрацијата беа дел од прашањата на Синдикатот за кои се разговараше на средбата со Министерот Јетон Шаќири.
На барање на Синдикатот на УПОЗ, Претседателот на Синдикатот Пецо Грујовски и Генералниот секретар Трпе Деаноски одржаа работна средба со Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) г – дин Јетон Шаќири.
Претставниците на Синдикатот на УПОЗ истакнаа дека иако има постојан пораст на просечната плата на ниво на државата, платите во администрацијата остануваат исти, а во многу институции административните службеници од категоријата Г добиваат плата пониска од минималната плата. Исто така се потенцираше дека во овој момент 95% од административните службеници имаат плата пониска од просечната плата на ниво на државата, а со секојдневниот пораст на цените на производите, со платите во администрацијата не можат се подмират ни основните средства за живот.
Претставниците на Синдикатот на УПОЗ на оваа средба го актуелизираа проблемот со вакцинација на вработените во администрацијата, особено на оние вработени кои се во непосреден контакт со странки и се изложени на висок ризик од пренесување на заразни болести.
Министерот информираше дека во новиот Закон за административните службеници е предвидена нова пресметка на плати со кој ќе се добие и одредено зголемување на примањата, а со пристигнување на вакцините на крајот на овој месец е предвидена и вакцинација на ризичните групи вработени во администрацијата кои имаат секојдневни контакти со странки.
Министерот за МИОА Јетон Шаќири истакна дека за сите чекори кои ќе ги презема Министерството, Синдикатот на УПОЗ навремено ќе биде известен и вклучен.
Продолжуваме транспарентно да ја афирмираме работата на Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ. Така, во периодот помеѓу две седници на Комисијата за солидарен фонд, беа одобрени 177 барања во износ од 752.400 денари, парична помош за членовите на Синдикатот на УПОЗ по најразлични основи.
Комисијата за солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ на 27.04.2021 година, ја одржа својата 32-та сединца, на која беа разгледани поднесените барања на членовите на Синдикатот на УПОЗ по разни основи. Поднесени и одобрени беа шест барања по основ парична помош за боледување во вкупен износ од 30.100 денари. Две барање беа одобрени по основ елементарна непогода во износ од 20.000 денари и едно барање по основ парична помош за лекување во износ од 30.000 денари а шест барања беа одобрени по основ парична помош позајмица (школување и лекување) во износ од 150.000 денари.
Во периодот меѓу двете седници од 12.03.2021 година до 26.04.2021 година, согласно Правилникот беа одобрени и испалтени вкупно 177 барања во вкупен износ од 752.400 денари и тоа:
Досега од почетокот на пандемијата на вирусот Ковид 19, одобрени и исплатени се 704 барања по овој основ. Синдикатот на УПОЗ и натаму ќе продолжи да ја следи ситуацијата со пандемијата и навремено ќе им помага на своите членови.
По доставениот извештај од Синдикатот на УПОЗ до Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (ЕПСУ) за работата на Синдикатот во 2020 година, ЕПСУ и неколку европски синдикати, се обратија до Владата на РСМ со барање доследно да се почитуваат сите одредби од потпишаниот Грански колективен договор за вработените во државната администрација меѓу Синдикатот на УПОЗ и Владата на РСМ.
Најголемите европски синдкати како и синдикатите од нашиор регион, кои членуваат во ЕПСУ, писмено се обратија до Владата на РСМ со цел да им укажат дека одредбите од Колективниот договор и колективните догвори на ниво на работодавач, мора во целост да се почитуваат. ЕПСУ по добивањето на извештајот за работата на Синдикатот на УПОЗ, наведе дека после 25 години конечно беше потпишуван Грански колективен договор за вработените во државната администација. Со тој колективен договор, се унапредија и вратија голем број на права кои низ годините им беа ускратени на вработените во државната администрација, но и покрај надежите дека со потпишувањето ќе почне доследна примена на колективните договори, се соочивме со непочитување на веќе потпишаното и нерализирање на одредби колективниот договор.
Генералниот секретар на ЕПСУ Јан Вилеам Гудријан, писмено се обрати во име на сите осум милионското членово на ЕПСУ со писмо до Владата на РСМ во кое наведе дека е загрижен што од страна на работодавачот, во случајов Владата на РСМ, не се почитува веќе потишаното. Имено како што стои во извештајот на Синдикатот на УПОЗ, овој колективен договор не се почитува во повеќе сегменти а особено неучеството на Синдикатот во креирање на државниот буџет во рамките на организациите, не исплатата на регресот за годишен одмор на вработените во државната управа за 2020 година итн.
По доставувањето на информациите до сите членки на ЕПСУ, до Владата на РСМ се обратија и Унијата на синдикати од Германија која во писмото наведе дека со непочитување на колективниот договор се суспендира социјалниот дијалог и колективнито договарање кое е спротивно на Меѓународните и Европските конвенции на работниците и човековите права. Исто така до Владата на РСМ се обрати и најголемиот синдикат во Обединетот Кралство УНИСОН, во кој членуваат 1.3 милиони работници, кој исто укажуваат дека Владата на РСМ не ги испочитувала одредбите на колктивниот договор со кој сметаат дека тоа преставува прекинувањето на социјалниот дијалог и нарушување на колективното преговарање.
До Владата на РСМ, се обратија и Синдикатот на државните службеници и другите вработени во органите на државанта управа, судската власт и јавните установи во Федерација Босна и Херцеговина, која укажа дека едностраното непочитување и неисполнување на одредби од колективниот договор ја нарушува меѓусебната доверба на Владата и Синдикатот. Синдикатот на управата и правосудството на Црна Гора во писмото до Владата посочува дека со непочитување на Колективен договор од Владта на РСМ, која тежнее да стане членка во Европската унија, недопустливо е игнорирање и непочување на права од Колективни договори. Исто така, писмо до Владата на РСМ упати и Синдикатот на државните и локалните службеници и другите вработени во Република Хрватска, кој низ свои примери за долгогодишно преговарање со Владат на Република Хрватска, го посочија нивниот макотрпен пат за остварување на поголеми права за вработните во државанта управа, и дека со непочитување на потпишаното од една страна, се занемарува целиот тој труд. Само со остваруавње на правата од колективните договори, се зголемува социјалното партнерство и довербата едни кон други, а со тоа и вработените ќе ги почустуваат бенефитите од колективното преговарање.
Од страна на Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, до генералниот секретар Јан Вилеам Гудријан, беше проследен одговор во кој се посочува дека преговорите со Синдикатот на УПОЗ ќе продолжат, и дека Владата на РСМ заедно со Синдикатот на УПОЗ ќе изнајдат заедничко решение за целосна примена на Гранскиот колективен договор за вработените во државната управа, но за жал тоа до ден денес не се случи.
Доколку и натаму продолжи ингорантскиот однос на Владта на РСМ, и покрај укажувањата на европските синдикати сметаме дека е нарушено социјалното партнерство и правата од Гранскиот колективен договор, а вработните ќе мора да ги остваруваат правата по судски пат, не е добро за социјалниот дијалог а дополнително ќе биде оштетен Буџетот на РСМ.