Синдикатот на УПОЗ по повод денот на жената осми март, ги повикува сите жени членови на Синдикатот на УПОЗ, да се приклучат на МАРШОТ ЗА ЖЕНСКИ ПРАВА кој е во организација на Платформата за родова еднаквост, а која ќе се одржи на 8-ми март (понеделник), под слоганот “Државата што не постапува е држава што силува”.

Со овој марш ќе се даде поддршка на сите жртви од групата ЈАВНА СОБА и жртвите на родовото насилство, а и да се потсетат МВР и Јавното обвинителство дека треба темелно и неодложно да се расчисти случајот со ЈАВНА СОБА, кој преставува кривично дело во кое огромен број на жени се жртви на родово насилство.

Исто така, ќе биде побарано сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира во Кривичниот, и да се даде помош и поддршка на жртвите на родовото насилство од страна на сите надлежни институции. Затоа на 8-ми март со почеток во 15.00 часот пред МВР ќе започне овој марш, а ќе заврши до Паркот Жена Борец. Со овој повик, сакаме на сите жени членови на Синдикатот на УПОЗ, да им го честитаме денот на жената 8-ми март.

На ден 26.02.2021 година, во просториите на Општина Гостивар, беше потпишан Колективниот договор за вработените во Општина Гостивар. Овој колективен договор беше потпишан од страна на Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари од едната страна и Претседателот Пецо Грујовски и претседателот на синдикалната организација при Општина Гостивар Имер Мемеди.

Овој колективен договор е резултат на неколку месечните преговори кои беа на релација работодавач – синдикат. Со овој Колективен догвоор се регулираат правата на сите вработени во Општина Гостивар, а и значајно се подобрени во повеќе сегменти. Покрај правата кои ќе ги користат вработентие, со овој колективен договор регулирани се обврските кои вработените во Општина Гостивар професионално и одговорно да ги почитуваат.

Синдикатот на УПОЗ и натаму ќе продолжи со активностите за потпишување на колеткивни договори.

На 26.02.2021 година, во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство беше потпишан Колективниот договор за вработените во Државниот инспекторат за земјоделство со кој е продолжен рокот на неговата важност за уште две години. Со овие активности, Синдикатот на УПОЗ уште еднаш докажува дека продолжува со трендот на унапредување на правата на вработените од работен однос.

Овој Колективен договор беше потпиша од Директорот на Дражвниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ и Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски и претседателот на Синдикалната организација Васко Арсов.

Вчера, 24.01.2021 година, по неколку месечни преговори, Синдикатот на УПОЗ и Општина Гевгелија, претставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на Синдикалната организација Драгица Јованова и Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков го потпишаа Колективниот договор со кој се регулираат и унапредуваат правата на вработените во Општина Гевгелија.

Главна цел при оваа активност беше унапредување на правата од работен однос, но и мотивацијата на вработените во општината. Со овој договор, кој за прв пат се потпшува во Општина Гевгелија се регулираат правата и обврските на вработените.  

Со овој колективен договор се регулира флексибилното работно време, работата во неработни денови, паузите, годишниот одмор, платеното отсуство, неплатеното отсуство, додатоците на плата итн.

Синдикатот на УПОЗ и во периодот кој следи ќе продолжи со активностите со потпишување на колективни договори на ниво на работодавач.