Денес на барање на Синдикатот на УПОЗ, во Министерството за правда се одржа состанок на кој главна тема на расправа беа платите на Судската служба (судската администрација, судската полиција и помошно – техничкиот персонал) и јавно обвинителската служба. Заедничка констатација беше дека е неминовно зголемување особено што со години наназад тие не се зголемени а од друга страна платите на судиите и јавните обвинители неколку пати беа зголемени и се направи огромна разлика.

Како резултат на Заклучокот од последната седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, зголемвуање и нов начин на пресметка на платите во администрацијата и другите вработени, денес на состанокот со министерот за правда Бојан Маричиќ и официјално беше покренато ова прашање и се разговараше и преговараше за платите.

На состанокот од страна на Синдикатот на УПОЗ покрај претседателот Пецо Грујовски учествуваа и Насуф Ќамили и Горанчо Чолаков. Она што посебно заслужува да се одбележи е дека и министерот Маричиќ е на ставот дека платите на судската служба мора да бидат корегирани. Затоа, интервентно ќе бидат направени измени на Законот за судска служба до крајот на наредниот месец. За натамошните чекори во поглед на зголемувањето на платите ќе биде организирана средба со Министерството за финансии на која ќе се разговара по предлогот на Синдикатот на УПОЗ за нов начин на пресметка на платите.

Министерот Маричиќ ги сослуша аргументите на Синдикатот за недозволено ниските плати во судовите и јавните обвинителства. Особено беше истакнато дека и највисоката плата на стручните соработници е под републичкиот просек и дека најголем дел од вработените имаат плати од 15.000 до 17.000 денари.

Затоа, платите ќе бидат приоритетно прашање кое треба да се реши со новите закони за платиет на судиите и судската служба и јавните обвинители и јавно обвинителската служба.

На состанокот беа покренати и други прашања кои значително влијаат на правата на вработените, прекинатата соработка со Судскиот совет а во тие рамки и со Судскиот буџетски совет кои едноставно ги кочат па дури и оневозможуваат да се остварат одредени права согласно Законот и колективните договори.

Од тие причини, во наредниот период претстои интензивна активност на Синдикатот на УПОЗ и соработка со надлежните министерства и Судскиот буџет, договреното од денешната средба да биде реализирано.

Претставниците на Синдикатот, и официјално го поканија министерот Маричиќ да присуствува на одбележувањето на 30 годишнината од формирањето на Синдикатот на УПОЗ што ќе се одржи на 8 јули во Скопје.

Синдикатот на УПОЗ како дел од јавниот сектор и рамноправнен член на Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (ЕПСУ) преку своите синдикални организации се вклучи во одбележувањето на 23. јуни – Меѓународниот ден на вработените во јавниот сектор.

Обединетите нации го прогласија 23 јуни за Меѓународен ден на вработените во јавнот сектор. Тоа е ден за одбележување на вработените во јавните служби. Вработените во јавниот сектор им овозможуваат на луѓето да ги уживаат своите човекови права, да се осигураат дека нивната држава ги постигнува своите цели на одржлив развој и дека Европската унија го постигнува европскиот столб на социјалните права.

Затоа, Синдикатот на УПОЗ како член на ЕПСУ, се приклучи на оваа меѓународна акција, со цел да ги пренесеме следниве пораки:

  • Повисока плата за достоинствени услуги;
  • Достоинствена плата за јавниот сектор;
  • Не за приватизација, не за комерцијализација;
  • Не мерки за штедење.

Подолу Ви ги пренесуваме фотографиите од неколку синдикални организации кои го одбележаа Меѓународниот ден на вработените во јавниот сектор.

На последната средба меѓу преставниците на Синдикатот на УПОЗ и Министерот Маричиќ која се одржа на 20.05.2021 година, бевме информирани дека се подговтуваат нови закони за пресметување на плати во судовите и обвинителствата и дека ова зголемување ќе оди за сите вработени во правосудството истовремено. Синдикатот на УПОЗ го прифати таквите предлози и побара, да нема парцијално зголемување на платите, само за одредена категорија вработени, туку тоа да оди во пакет за сите вработени во судовите и обвинителството.

На вчерашното гостување на Министерот за правда Бојан Маричиќ во Утрински брифинг, тој ретерираше со своите ставови и изјави дека овие проблеми ќе се решаваат системски, и дека сите вработени во судовите и јавните обвинителства ќе добијат зголемеување на платите.

Синдикатот на УПОЗ беше затекнат од изјавите на Прес конферецијата на Министерот одржана во понеделникот со Здружението на судиите, од причини што на последанта средба која се одржа на 20.05.2021 година, од страна на Министерот ни беше укажано дека зголемување на платите за судската администрација (судската служба, судската полиција и помошно техничкиот перосонал) и јавно обвинителската служба ќе бидат донесени во пакет. Како репрезентативен Синдикат кој ги преставува вработените во судовите и јавните обвинителства, сметаме дека не треба да бидеме исклучени од процесот на преговори за зголемување на плати, затоа што може да придонесеме за правилно зголемување на платите за оваа група на вработени, како и тоа дека Синдикатот е социјален партнер и овластен да преговара за правата од работен однос.

Најавеното зголемување на платите за судиите во износ од 15 % и зголемување на платите на судската и јавно обивнителската администрација во висина од 15 %, не се соодвестува со реалниот надомест кој ќе го добијат. Затоа Синдикатот на УПОЗ нема да се согласи со предложениот процент од 15%.

Од тие причини, Синдикатот на УПОЗ побара средба со Министерот за правда, најдоцна до 23.06.2021 година, на која ќе го пренесе своето барање и процентот за зголемување на плата со кој ќе бидат задоволени вработените во судовите (судската администрација, судската полциија и помошно техничкиот персонал) и јавно обвинителската служба.   

Денес 16.06.2021 година, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Аеродром. Со потпишувањето на колективниот договор дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос.

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Аеродром претставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски и претседателот на Синдикалната организација Славе Еленовски од една страна и Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин го потпишаа Колективниот договор за вработените во општина Аеродром.

Со овој Колективен договор, кој за прв пат се потпишува во Општина Аеродром се унапредуваат правата од работен однос на вработените во општината,  се решаваат прашањата од интерес на вработените и работодавачот и се утврдува постапката за решавање на меѓусебните односи.

Синдикатот на УПОЗ и во периодот кој следи ќе продолжи со активностите со потпишување на колективни договори на ниво на работодавач.