Синдикатот на УПОЗ денеска се обрати со барање до Владата и Комисијата за заштита на населението и укажа дека предложените мерки се спротивни на уставот и побара изнаоѓање поинакво решение.

Министерот за здравство во текот на вчерашниот ден ја информираше јавноста дека Комисијата за заштита на населението од заразни болести со консензус одлучила да ѝ предложи на владата новата мерка, која ќе ги мотивира вработените во јавниот сектор да се вакцинираат или задолжително да се тестираат на секои 72 часа. За влез на работното место, освен сертификат за вакцинација за примена најмалку една доза, ќе може да се користи и сертификат за прележан ковид-19, како и негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.

Сметаме дека ваквата предлог мерка на Комисијата за заштита на населението е против уставна, спротивна на позитивните законски норми, меѓународните конвенции за заштита на човековите права и слободи и препораките на Обединетите нации. Она што посебно не загрижува е тоа што ваквата предложена мерка директно задира во финансиската моќ на вработените, и уште повеќе ја загрозува и онака малата економско – материјална состојба на вработените.

Согласно членот 1 од Уставот е предвидено дека Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.  А во преамбулата на Уставот е наведено дека потребно е да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот и да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи.

Во членот 32 од Уставот на Р. С. Македонија е предвидено дека : „Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привреамена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место, а  секој вработен има право на соодветна заработувачка„.

Нашето мислење е дека доколку Владата реши да ја прифати ваквата предлог мерка од Комисијата за заштита на населението, ќе ги прекрши темелните вредности на кои е поставен Уставот. Доколку вработените бидат спречени да се појават на работа поради немање на сертификат или ПЦР тест се отвара можност за прекин на работниот однос на вработените или поведување на дисциплински постапки и парични казни. Предложените задолжителни ПЦР тестови на секои 72 часа (3) дена, ќе значат дека вработените ќе мораат да издвојат приближно 20.000,00 денари месечно само за ПЦР тестови, односно ќе мора да ја потрошат целата своја плата за да докажат дека можат да одат на работа.

Од тие причини апелираме при носење на одлука по предложените мерки од Комисијата за заштита на населението, Владата да ги има во предвид уставните и законски одредби, меѓународните конвенции за човекови права и слободи и меѓународните ратификувани договори и апелираме да се изнајдат други начини за да се мотивираат вработените да се вакцинираат.      

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, Генералниот секретар Трпе Деаноски и Претседателот на Синдикалната организација при Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Зоран Димитријоски, денес одржаа работна средба со Директорката м-р Анета Симеска Димоска на која разговараа за повеќе актуелни прашања.

Главно прашање на кое се разговараше на средбата беше потпишување на Колектиен договор за вработените во ДПИ. Ова би бил прв Колективен договор во Државниот пазарен инскеторат со кој конечно ќе се унапредат правата на вработените во ДПИ имајќи ги во предвид спецификите на работните задачи на овие вработени.

Додатоците и надоместоците на плата исто така беа тема на состанокот, а се покрена и прашањето за признавање на високото образование на оние вработени кои се стекнале за време на работниот однос, и согласно закон, нивното работно место да биде вреднувано и систематизирано според образованието со кое се стекнале.

Директорката Анета Симеска Димоска искажа подготвеност овие прашања, во најбрз можен рок да се решат.

Васе Неданоски на 03.11.2021 година, согласно член 48 став 3 и 49 од Статутот на Синдикатот на УПОЗ, беше разрешен од претседател на Синдикалната организација при Управата за јавни приходи. Ова разрешување, доаѓа како резултат на деструктивното делување подолг период со што ги доведе во заблуда и членовите на Синдикаланта организација при УЈП. За апсурдот да биде поголем, Васе Неданоски иако разрешен на 04.11.2021 година, организира изборен состанок со поверениците на СО при УЈП и одржа изборно Собрание на синдикалната организација.

И покрај неколкуте укажувања и дадени шанси од старна на Претседателот Пецо Грујовски и Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, да престане со непочитувањето на Статутот и Одлуките на Претседателството, Васе Неданоски продолжи континуирано да делува деструктивно, кршејќи го Статутот на Синдикатот на УПОЗ.

Во месец октомври, Васе Неданоски од синдикалната членарина на членовите на СО при УЈП, на седум повереници, на нивните лични сметки, им уплатил износ од 15.000 денари со што се стекнале со финансиска корист за која до ден денес, не се доставени и оправдани тие износи. За ваквите постапки, ќе бидат известени органите на прогон, со цел да се преземат сите потребни акивности за расветлување на ваквите постапки.

На 05.11.2021 година, и покрај неговото разрешување и своеволно размислување, Васе Неданоски неосновано подигува готовина во износ од 230.000 денари, од сметакта на Синдикалната организација кои не се оправдани. По укажувањето на сметководството на Синдикатот на УПОЗ за ваквите дејствија, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ беше принуден со цел да ги заштите средствата на Синдикалната организција при УЈП согласно член 33 став 2 (“Во исклучителни случаи, поради неправилности во работењето, Претседателот на Синдикатот може времено да ја блокира трансакциската сметка на синдикаланта организација, по што е должен за тоа веднаш да го извести Извршниот одбор на Претседателството на Синдикатот”) го блокира потписот од сите подсметки на СО при УЈПСо ваквата постапка, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ ги заштити од злоупотреба средствата на членовите на Синдикалната организација. Надзорниот одбор на Синдикатот на УПОЗ во периодот кој следи, ќе ја провери работата на СО при УЈП во периодот од разрешувањето на Васе Неданоски, со цел да утврди неоснованото подигунување на готовина. Тие средства по изборот на новото раководство, ќе бидат деблокирани и ќе остануваат на синдикалната организација а по избор на ново раководство, истите ќе им бидат достапни на располагање членовите на Синдикалната организација при УЈП.

Имајќи ги во предвид ваквите против Статутарни и против законски дејствија на Васе Неданоски, на 29-тата седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ на 15.11.2021 година, донесе Одлука за негово исклучување од членството од Синдикатот на УПОЗ.

Оваа одлука на Претседателството се поткрепи со тоа што, Васе Неданоски на 26.11.2021 година, е впишан како Претседател на Синдикалната организација при Управата за јавни приходи на РСМ на друг Синдикат кој тој го основал. Со ова се потврди и намерата тој да ја одвои и растури Синдикалната организација при Управата за јавни приходи членка на Синдикатот на УПОЗ.

Синдикатот на УПОЗ во најбрз можен период ќе организира избор за нов претседател на СО при УЈП, раководство кое на членовите ќе им ги посочи сите информации за работењето на  Синдикалната организација при УЈП а со тоа ќе продолжи да се работи во интерес на членовите а не на поедницни во УЈП. 

На 28-мата седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ која се одржа на 20.10.2021 година, беа распишани изборите во Синдикатот на УПОЗ и синдикалните организации и беше предложен можен кандидат за претседател на Синдикатот на УПОЗ.

На седницата, се разговараше и околу предлог – измените на Законот за административни службеници и предлог – измените на Законот за вработените во јавниот сектор со посебен осврт на платите на административните службенции.

Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, со оглед на истечениот мандат на органите и телата на Синдикатот на УПОЗ, на 28-мата седница, донесе одлука за распишување на изборните активности во синдикалните организации и Синдикатот на УПОЗ. Синдикалните организации се обврзани да ги спроведат изборните активности до 30.11.2021 година, а од оваа одлука се иземени синдикалните организации кои се ново формирани, како и организациите кои во периодот помеѓу 7-то Собрание и 8-от Конгрес извршиле избор во своите синдикални организации.

Согласно споменатата одлука, на седницата се расправаше за предлог можни кандидати за Претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Членовите на Претседателството имаа можност да предлагаат, но на крајот беше констатирано дека нема друг предлог освен, за сегашниот Генерален секретар Трпе Деаноски да биде предложен за можен кандидат за Претседател на Синдикатот на УПОЗ. Овој предлог е доставен до сите синдикални организации и на наредната седница доколку биде поддржан од 1/3 од синдикалните организации во кои членуваат 1/3 од вкупниот број членови на Синдикатот, Претседателството на Синдикатот на УПОЗ ќе го утврди како можен кандидат и ќе го предложи на Конгресот на изјаснување.

Досегашниот претседател на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, без оглед на поддршката која ја има од Претседателството на Синдикатот на УПОЗ и синдикалните оргнизации, се заблагодари на довербата и ја искажа својата воља, дека после два мандати на чело на Синдикатот на УПОЗ, треба да се избере нов претседател.

На Осмиот Конгрес ќе бидат разрешени сегашени органите и телата на Синдикатот на УПОЗ и ќе бидат избрани нови, ќе се одржи на 10.12.2021 година во Скопје.