Со зголемување на минималната плата и немањето слух на Владата скалесто да се покачат останатите плати, ќе се оствари она што Синдикатот на УПОЗ го прогнозираше, а тоа е крах на системот на плати во администрацијата и правосудството.

За Синдикатот на УПОЗ е несфатливо не знаењето на Владата за начинот на пресметка и исплата на плати на сопствените работници. Со новата вредност на минималната плата Владата за првпат во историјата на Македонија ќе направи цела категорија вработени во администрацијата кои досега беа барем малку над минималната плата сега да примат минимална плата.

Со самото тоа Владата прво ги омаловажува и понижува своите вработени и второ го зголемува процентот на вработени кои примаат минимална плата во државата од 13.8% на скоро 18%.

До ваквата ситуација дојдовме поради фактот дека од моментот на воведување на минималната плата во 2012 година, па до последното зголемување од понеделникот, минималната плата ќе биде зголемена за неверојатни 120%, а платите во администрацијата и правосудството од 2012 до сега се зголемени за 9 или 10%.

Исто така, во последните години со политиките на Владата платите на вработените во одредени делови во јавниот сектор се зголемија за дури 25%, а платите во администрацијата и правосудството не беа зголемени ниту еднаш.

Доколку Владата ги почитуваше сопствените закони и вршеше усогласување на платите со порастот на минималната плата како што тоа е пропишано во членот 8 од Законот за минималната плата до ваквата состојба воопшто немаше ни да дојде.

Во администрацијата и правосудството системот на плати е базиран на бодови кои се добиваат по два основи: за образование и за нивото на кое е распореден вработениот.

Доколку не се спроведе скалесто усогласување на платите ќе се случи вработените од пониските нивоа да ги престигнат вработените во повисоките нивоа, или вработените со средно образование да ги престигнат вработените со високо образование. Или како што кажав на почетокот тотално не функционирање на системот на плати во администрацијата и правосудството.

Сето ова беше укажувано од страна на Претседателот Деаноски на седниците на Економско – социјалниот совет и на сите состаноци кои Синдикатот а УПОЗ ги имал со ресорните министри во минатото.

Од тие причини Синдикатот на УПОЗ бара од Владата заедно со измената на Законот за минималната плата, во скратена постапка да направи измени и на посебните закони кои ги регулираат платите на вработените во администрацијата и правосудството, на начин што вредноста на минималната плата да биде земена како основна плата на вработените и сите вработени да имаат одредени бодови за ниво.

На овој начин ниту еден вработен во администрацијата не би бил на минимална плата и за првпат ќе имаме усогласување на платите во администрацијата и правосудството со порастот на минималната плата.

Доколку истото не се случи Синдикатот на УПОЗ ќе биде приморан да ја активира одлуката донесена на Претседателството на Синдикатот во месец ноември и не задовослтвото на вработените ќе го изрази преку организирање на протести и блокирање на работа на одредени институции.

Отпочнување на преговори за потпишување на Колективен договор за вработените во Општина Битола, едно од главните прашања на средбата помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Градоначалникот на Општина Битола.

На барање на Синдикатот на УПОЗ на ден 08.02.2022 година, се одржа работна средба на која присуствуваа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски, претседателот на Синдикалната организација Александар Ничков и заменик претседателот на синдикалната организација Гордана Цветковска Бошевска од едната страна и Градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски и Генераниот секретар на Општина Битола Борче Димитровски од другата страна.

На средбата се отворија доста значајни прашања за вработените во Општина Битола, и двете страни се согласија дека е потребно унапредување на правата од работен односно со потпишување на Колективен договор.

Двете страни се договорија да се формираат работни групи од страна на синдикатот и работодавачот, и да се отпочнат со подготовка на Предлог – текст на Колективен договор за вработените во Општина Битола.

Непочитувањето на Колективниот договор за вработените во Општина Прилеп, преставува кривично дело, а Синдикатот на УПОЗ ќе ги искористи достапните механизми за доследна примена на Колективниот договор.

Во Колективниот договор кој беше потпишан на 30.12.2021 година помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Општина Прилеп, се уреди начинот на пресметка на плата кој е усогласен со порастот на минималната плата. Овој Колективен договор беше изгласан и одобрен од страна на советниците на Општина Прилеп, за да само по еден месец истите советници кои гласаа за потпишување на Колективниот договор сега се противат на примена на истиот.

Имено со Одлука на Советот на Општина Прилеп, согласно член 24 од Колективниот договор, потребно е да се донесе нова одлука за вредност на бодот со која конечно платите на вработените во општинската администрација ќе се усогласат со порастот на минималната плата. Меѓутоа Советниците наместо да донесат таква одлука ја повлекуваат оваа тока од дневниот ред.

За таа цел, Синдикатот на УПОЗ преставуван од Претседателот Трпе Деаноски и претседателот на синдикалната организација при Општина Прилеп Бошко Талески, одржаа прес конференција со што ја запознаа јавноста за самоволијето на Советнициет на Општина Прилеп, и порачаа дека доколку доследно не се применува Колективниот договор тоа преставува кривично дело.

Синдикатот на УПОЗ во наредниот период ќе преземе се за вработените да го остварат ова правото од Колективниот договор, со цел да не се оштетува буџетот на Општина Прилеп во судски постапки, а воедно Претседателот Деаноски ги повика советниците да размислат уште еднаш, без разлика на ниванта политичка припадност и да си го одржат зборот за што го гласале и им дале шанса на вработените за пристојна плата.  

Денес, 12.01.2022 година, во Велес, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Велес со кој дополнително се унапредија правата од работен однос за вработените во општината. Колективниот договор беше потпишан од Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски, по овластување од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Велес Магдалена Спасева од едната страна и Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев од другата страна.

Овој Колективен договор е потпишан на задоволство на двете страни, кои за краток период се подготви текст со кој и вработените во Општина Велес ќе ги уживаат правата кои низ годините им биле ускратени.

Со овој Колективен договор се утврдени кретирумите за годишен одмор, платени и неплатени одсуства, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, надоместок за учество во комисии, право на еднократен надомест итн.

Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски, истакна особено задоволство за соработката во изминатиот период како и потпишувањето на Колективниот договор. Радува фактот што и Општина Велес влекува во групата на општини со кој Синдикатот на УПОЗ ги унапреди правата од работен однос, како и искажаната волја на Градоначалникот Колев за унапредување и грижата за правата на вработените во општината.