Во просториите на Општина Прилеп, денес 30.12.2021 година, беше потпишан Колективен договор за вработените во Општина Прилеп. Со потпишување на Колективниот договор, дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос.
Синдикатот на УПОЗ преставуван од Претседателот Трпе Деаноски и претседателот на Синдикаланта организација при Општина Прилеп Бошко Талески од една страна и Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески од другата страна, денес го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Прилеп.
Со овој Колективен договор, се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платените и неплатените одсуства, надоместоците на плата и другите примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата итн. Како право кое Синдикатот и Работодавачот го утврдија, во овој Колективен договор, е минималната плата да биде основна плата.
Претседателот Деаноски, истакна задоволство од соработката и потпишувањето на договорот и што Општина Прилеп влегува во групата на општини кои имаат потпишано Колективен договор како и искажаната волја за унапредување и грижа за вработените правата на вработените од страна на Градоначалникот Јовчески.
Во наредниот период, Синдикатот на УПОЗ ќе продолжи со активностите за подготовка и потпишување на колективни договори во државната управа, со што дополнително ќе се унапредуваат правата од работен однос.
Денес, 21.12.2021 година, во просториите на Кабинетот на Претседател на РСМ, се потпиша Колективениот договор за вработените во Кабинетот на Претседател на РСМ. Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Кабинетот на Претседател на РСМ Гуле Гулев и Генералниот секретар на Кабинетот на Претседател на РСМ, Миле Бошњаковски од страна на работодавачот.
Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Претседател на Република Северна Македонија и тоа: вработувањето и унапредувањето, работа во неработни денови, начинот на организација на работата во услови на криза, платите и надоместоците на плата како и другите прашања поврзани со работниот однос.
Радува фактот што Синдикалната организација при Кабинет на Претседател на РСМ, самоиницијативно се формираше во почетокот на месец декември, и по три недели, се подготви и потпиша текст на Колективен договор.
Во просториите на Синдикатот на УПОЗ на 14.12.2021 година се потпиша Колективниот договор за вработените во Центарот за образование на возрасните со кој се унапредија правата на вработените од работен однос.
На 14.12.2021 година, Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Центарот за образование на возрасните, претставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Ирена Милков од една страна и Директорката на Центарот за образование на возрасните Аделина Алији го потпишаа Колективниот договор за вработените во Центарот за образование на возрасните.
Овој колективен договор е мошне значаен за Синдикатот на УПОЗ, со оглед на фактот што синдикалната организација при Центарот за образование на возрасните, е нова синдикална организација која се приклучи кон Синдикатот на УПОЗ. Како прва значајна активност која ја имаше оваа организација е подготовката и потпишувањето на Колективниот договор за вработените во Центарот за образование на возрасните со кој се унапредија правата од работен однос на вработените во центарот.
Во наредниот период, ќе продолжат активностите на Синдикатот на УПОЗ за унапредување на правата од работен однос.