Денес 22.09.2021 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 35-та седница, на која беа разгелдани барања по најразлични основи поднесени од членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу двете седници, беа исплатени 242 барања од кои 172 барања се неповрати средства во износ од 617.500 денари и 73 позајмици во износ од 450.000 денари.

Продолжувајќи ги активностите Комисијата за солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ, на ден 22.09.2021 година (среда) беа разгледани барања на членовите по разни основи. 14 барања беа поднесени и одобрени по основ парична помош за боледување во вкупен износ од 98.800 денари. Две барања беа поднесени и реализирани по основ за загрозена материјална состојба во вкупен износ од 16.000 денари, пет барања беа реализирани по парична помош за лекување во вкупен износ од 64.400 денари, а беа одобрени и шест позајмици (школување и лекување) во вкупен износ од 138.000 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 15.07.2021 година до 21.09.2021 година, согласно Правилникот беа одобрени и испалтени вкупно 242 барања во вкупен износ од 1.067.500 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 15 барања во износ од 45.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на Фондот – три барања во износ од 60.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – седум барања во износ од 70.000 денари
  • Парична помош за пензионирање – 25 барања во износ од 73.500 денари
  • Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – 29 барања во износ од 90.000 денари (исплата за заболените членови од Ковид 19);
  • Парична помош за прваче – 93 барања во вкупен износ од 279.000 денари;
  • Парична позајмица за лекување – три барања во вкупен износ од 90.000 денари и
  • Позајмици за СИС УПОЗ – 70 барања во вкупен износ од 360.000 денари.

Со оглед што од септември започна школската година, ги потсетуаваме сите членови на Синдикатот на УПОЗ дека крајниот рок за исплата на парична помош за прваче согласно Правилникот за солидарен фонд е 31.11.2021 година.

На ден 06.08.2021 година (петок), во просториите на Царинската управа од страна на директорката Славица Кутиров и Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на Синдикалната организација при Царинската управа членка на УПОЗ Тони Апостоловски, како и Самостојниот Синдикат на Царинската управа, беа направени измени на Колективниот договор кој ги опфаќа измените во систематизацијата на работните места. Ваквите измени и дополнувања на колективниот договор, особено во делот на систематизацијата ќе допринесат за подобра функционалност на работата во Царинската управа. 

На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања кои се значајни за вработените во управата, како и за идните планови на Синдикалната организација која членува во Синдикатот на УПОЗ, кои во наредниот период треба да се рализираат. 

На состанокот беше поставено и прашањето во врска со непочитувањето на една одредба од Колективниот договор, односно неисплатување на патни трошоци за службен пат. Од страна на раководството беше речено дека сите па и правото на патни трошоци мора и ќе се почитува. 

Вчера попладне, во Министерството за финансии на барање на Синдикатот на УПОЗ се одржа работна средба на која главна точка беше предлогот на Синдикатот на УПОЗ доставен до Владата на РСМ за поинаква пресметка на платите на државната администрација и другите вработени во институциите на државната управа и нивна корекција. На состнокот покрај Министерот за финансии Фатмир Бесими учествуваше и Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Од Синдикатот на УПОЗ покрај претседателот на Синдикатот Пецо Грујовск, учествуваа и Верица Тасева – потпреседател на Синдикатот на УПОЗ за правосудството и Александар Диље – член на Одоборт за административни службеници на Синдикатот на УПОЗ. На состнокот беше прифатео барањето на Синдикатот на УПОЗ и беше договорено да се формира работна група која после годишните одмори ќе се отпочне со работа за нов начин за пресметка на платите.

Подолг период а и на последната седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ се разговараше за покренување на прашањето за корекција на платите во државната администрација. Со оглед што, и нашата држава се соочи со здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид – 19, ваквото барање беше во мирување. Но за Синдикатот на УПОЗ ова е приоритетно прашање за наредниот период.

На средбата, претседателот Пецо Грујовски го изнесе предлогот на Синдикатот и изнесе неколку податоци кои се го оправданоста на барањата на Синдикатот на УПОЗ. Согласно податоците на Државниот завод за статистика просечната нето плата исплатена за месец март 2021 година изнесува 28.127,00 денари. Со последните измени на Законот за минимална плата, износот на минималната плата за 2021 година, е 15.194,00 денари. Иако порастот на просечната и минималната нето плата на ниво на држава е за поздравување, вработените во администрацијата и правосудството за жал примаат плати и под просечната плата, но и под минималната плата.

Во изминатите неколку години политиките на Владата придонесоа во одредени делови од јавниот сектор зголемување на платите на вработените и до 25%, но последното зголемување на платите во администрацијата беше со исплата на септемвриската плата во 2019 година, кога овие вработени добија покачување на плата од 5%.

Поразителен но и вистинит е фактот дека скоро 95% од вработените во администрацијата и правосудните органи имаат пониска плата од просечната плата, а уште по поразителен е фактот дека поради различниот систем на плати, во овој момент референтите и помладите референти во администрацијата имаат плата пониска од минималната плата што е и спротивно на законот.

Исто така, поради растечката инфлација и цените на основните производи за живот, во постојан пораст е и износот на синдикалната минимална кошница за семејство од четири члена со најосновните и најевтините производи за домување, исхрана, хигиена итн. за месец април изнесува 33.976,00 денари.

По изнесување на овие факти, и во дискусијата преовлада подготвеност од другата страна за прифаќање на барањето на Синдикатот и изнаоѓање решение на предлог. За таа цел се формира работната група со преставници од МИОА, МФ и Синдикатот на УПОЗ која веднаш по годишните одмори, ќе отпочнат со пресметки и симулација за правиот начинот на пресметка и веднаш потоа ќе се пристапи кон отпочнување на преговори.

На оваа средба, со оглед што беше усвоен ребалансот на Буџетот, преставниците на Синдикатот на УПОЗ побараа информација кога ќе се отпочне со исплата на регресот за годишен одмор, без оглед што рокот за исплата на ова право согласно Гранскиот колективен договор е до 31.12.2021 година. Министерството за финансии информираше дека се созадени услови за исплата и обезбедени се средства, и секоја установа треба да направи решение за исплата и да отпочне со исплата на ова право.