Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски и претседателот на Синдикалната организација при Упаравата за јавни приходи Васе Неданоски, денес одржаа работна средба со Директорката Сања Лукаревска на која разговараа за повеќе актуелни прашања, значајни за вработените во управата.

Главна тема на денешната средба беше Колективниот договор за вработените во Управата за јавни приходи, односно потпишување на спогодба за негово продолжување. Имено Колективниот договор за вработените во УЈП е потпишан во 2015 година, но без оглед што е истечен рокот на неговата важност (неговите одредби важат до потпишување на нов), па се јави потреба за негово продолжување со одредени измени и дополнување.

Затоа на денешниот состанок беше договорено да се формираат работни групи од страна на работодавачот и Синдикатот на УПОЗ кои ќе работат на предлог текстот за измени и дополнување на Колективниот договор.

На средбата беше разговарано и за платите на вработените во управата и можноста за нивна корекција во наредниот период.

Едно од прашањата кои беа покренати беше и признавање на високото образование на оние вработени кои се стекнале за време на работниот однос, и согласно закон, нивното работно место да биде вреднувано и систематизирано според образованието со кое се стекнале.

Во разговорите беше покренато и прашањето за прераспоредување на вработените, бидејќи со години наназад нема посуштински унапредувања.

Директорката Сања Лукаревска искажа подготвеност за овие прашања, во најбрз можен рок да се окончаат.

Исто така од Директорката беше побарано доследна примена на Гранскиот колективен договор и Колективниот договор за вработените во Управата за јавни приходи и вклученост на синдикалниот преставник во подготовка и донесување на систематизацијата и учество во работата на колегиумите кога се расправа за правата на вработените од работниот однос, а беше покренато и прашањето за не исплата на прекувремената работа.

На крајот од средбата беше договорено во наредниот период да продолжат преговорите по отворените прашања и како социјални партнери да разговараме за сите отворени прашања и истите да ги решаваме со договор.

По повод вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев дека корупција има, но не во високите ешалони на власта, односно дека истата е детектирана само во делот на административното функционирање на јавните институции врз основа на според премиерот, системска анализа, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), како единствен репрезентативен синдикат во управата и правосудните органи, не може да ја премолчи и да се согласи со вчерашната изјава.

Синдикатот на УПОЗ смета дека оваа изјава е паушална и истата во континуитет преставува напад на државната администрација како единствен виновник за лошата перцепција на граѓаните дека таа е неработна а сега и корумпирана. Притоа се заборава дека тоа влијае врз целокупниот имиџ на Владата и државата.

Корупцијата како механизам за придобивање на материјални и други придобивки за лична корист, не може да се гледа издвоено, во само еден сегмент на власта односно администрацијата, како што напомена премиерот Заев, без притоа не се спомене корелацијата со врвот на истата, особено што партиското поставување на кадри и организацијата која е хиерархиски поставена, е взаемно поврзана.

Синдикатот на УПОЗ смета дека корупцијата е сериозно прашање за сите вработени, и затоа предлагаме заедно со Владата како социјални партнери заеднички да се вклучиме во нејзиното сузбивање бидејќи таа е закана за иднината на државата.

Од тие причини, утре Синдикатот на УПОЗ ќе одржи Прес конференција, на која подетално ќе се произнесе по ова прашање.

Денес во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски и Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Јетон Шаќири, потпишаа измени и дополнувања на Гранскиот колективен договор.

Со потпишувањето на овие измени се допрецизираат некои одредби од Гранскиот колективен договор, а кои се однесуваа на опфатот на колективниот договор, организацијата на работата во услови на криза или вонредна состојба, критериумите за користење на годишниот одмор, регресот за годишен одмор и др.

Со измената на ставот 2 од членот 1 се врши допрецизирање на органите на управата кои ги опфаќа Гранскиот колективен договор.

Во членот 11 од Гранскиот колективен договор се дава можност годишниот одмор да трае повеќе од 26 работни денови и се враќа критериумот за степен на образование.

Во ставот 4 од членот 21 по зборот однесуваат, се додава сврзникот “и“ со што уште повеќе се допрецизира правото за регрес за годишен одмор.

Синдикатот на УПОЗ и МИОА нагласуваат вработените и институциите да се обраќаат до  Комисијата за следење измени и дополнувања на Гранскиот колективен договор доколку се јават различни толкување на одредбите на Гранскиот колективен договор.  

Измените на Гранскиот колективен договор може да ги погледнете тука.

На 14.07.2021 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 34-та седница, на која беа разгелдани барања по најразлични основи поднесени од членовите на Синдикатот на УПОЗ. Радува фактот што, се помал е бројот на заболени члнеови со вирусот – Ковид 19, и се надеваме дека тој тренд на намалување ќе продолжи и во наредните месеци.

Продолжувајќи ги активностите Комисијата за солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ а со цел да се реализира барањата на членовите пред годишните одмори, на ден 14.07.2021 година (среда) беа разгледани барања на членовите по разни основи. Осум барања беа поднесени и одобрени по основ парична помош за боледување во вкупен износ од 50.700 денари. Едно барање беше реализирано по основ парична помош за лекување во износ од 6.000 денари, а беа одобрени и четири позајмици (школување и лекување) во износ од 85.000 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 03.06.2021 година до 13.07.2021 година, согласно Правилникот беа одобрени и испалтени вкупно 61 барања во вкупен износ од 272.600 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 10 барања во износ од 30.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на Фондот – две барања во износ од 40.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – осум барања во износ од 80.000 денари
  • Парична помош за пензионирање – шест барања во износ од 17.600 денари
  • Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – 35 барања во износ од 105.000 денари (исплата за заболените членови од Ковид 19)

Солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ и натаму ќе продолжи да ја следи состојбата и да им помага на своите членови кои поднесуваат барање за неповратна помош или позајмица и ги исполнуваат условите согласно во Правилникот за солидарен фонд.