Во далечната 1991 година, пред 30 години е формиран Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р.Македонија (УПОЗ) кој е правен следбеник на Републичкио одбор на управата, правосудството и финансиските организации. Денес, во Синдикатот на УПОЗ членуваат повеќе од 110 синдикални организации, и од основањето до денес, Синдикатот на УПОЗ е предводник во синдикалното движење низ годините наназад.

Денес 08.07.2021 година, во Скопје, се одбележаа 30 години од формирањето на Синдикатот на УПОЗ кој е доброволна, самостојна, демократска, независна и непартиска организација на вработените во државната управа, локалната самоуправа, превосудните органи, здруженијата на граѓани, други служби и правни лица во државната и јавната управа, како и сите правни лица основани од Владата на РМ.

На овој значаен јубилеј, беа поканети и присуствуваа преставници на синдикалните организации од Синдикатот на УПОЗ, Министерот за правда Бојан Маричиќ и Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, братските синдикати од регионот (Синдикатот Бем Бир Сен од Турција, Синдикатот Хизмет ИШ од Турција, Синдикатот на управата на Република Српска, Синдикатот на управата на Србија, Синдикатот на правосудството на Србија, Синдикатот на Самостојниот синдикат на државните службеници и другите вработени во државната управа, судската власт и јавните установи во Федерација БиХ, Самостојниот синдикат на вработентие во универзитетските клиники, центри клинички болници и други јавни здравствени установи на Република Македонија и Синдикатот на управата и правосудството од Црна Гора), граѓански организации, синдикати од нашата држава, работодавачи на неколку организации и организации кои го помагаат синдикатот и неговите членови.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, истакна дека новите времиња носат нови предизвици за Синдикатот на УПОЗ. Овие предизвици потврдуваат дека синдикалната борба е вековна и не застанува во остварување и унапредување на роботничките права и интереси. Затоа Синдикатот мора постојано да се модернизира и реформира, за да биде уште поцврст, помобилизиран и поединствен.

Претседателот на Владата на Р.Северна Македонија, Зоран Заев по повод 30 години од форимрањето на Синдикатот, испрати телеграма во која вели “Дијалогот со Синдикатот на УПОЗ ќе продолжи. Владата и лично јас како премиер ќе се заложам да изнаоѓаме заеднички решенија од интерес на работниците и убеден сум дека во тоа ќе бидеме успешни.”

На присутните со видео порака се обрати и Генерален секретар на ЕПСУ во која наведе дека: ЕПСУ секогаш ќе биде на страна на Синдикатот на УПОЗ во борбата за подобрување на правата на вработените.

На прославата беше презентирана и монографијата насловена: Синдикат на УПОЗ од формирањето до денес. Монографијата го изразува развојниот пат на Синдикатот на УПОЗ низ годините до денес.

Целта на Монографијата е да даде еден заокружен приказ за заложбите на Синдикатот на УПОЗ во остварувањето, заштитата и унапредување на правата и интересите на своето членство и подобрување на нивниот животен стандард до она што сме денес – современа, демократска, работничка организација.

По повод 30 годишнината на Синдикатот на УПОЗ, беа доделени и благодарници на истакнати членови на Синдикатот на УПОЗ кои во последните 15 – ет години биле активни и дале соодветен придонес за развојот и афирмацијата на Синдикатот.

Благодарници добија: Марија Ивановска (референт за општи работи вработена во Синдикатот на УПОЗ), Рифат Деде (од Државен пазарен инспекторат), Илија Ивановски (од Фонд на ПИОМ), Биљана Стаматова (од Министерството за финансии), Веселин Стојчевски (од Фонд за здравствено осигурување), Илија Смилев (претседател на Комисијата за солидарен фонд), Зоран Јосифовски (од Основен суд Кавадарци) и Горанчо Чолаков (од Основен суд Велес).

Исто така благодарници беа доделени и на Проф. д-р Борче Давитковски и Проф. д-р Лазар Јовевски за допринесот во работата на Синдикатот на УПОЗ како едукатори на членовите на Синдикатот, на Братските синдикати со кој Синдикатот на УПОЗ остварува соработка на меѓународен план, на граѓански организации со кои соработува Синдикатот, но и на досегашните тројца претседатели на Синдикатот на УПОЗ, Пантелеј Кочовски, Ванчо Муратовски и Пецо Грујовски.

На 08.07.2021 година, во Рагуза 360 во Скопје, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, ќе го одбележи јубилејот 30 години од форимрањето на Синдикатот. Оваа прослава, беше планирана да се одржи во месец април, но поради пандемијата на вирусот Ковид 19, истата беше одложена.

Пред 30 години, во месец јули, е формиран Синдикатот на УПОЗ како правен следбеник на Републичкиот одбор на управата, правосудството и финансиските организации на Македонија. За таа цел, утре согласно сите препораки на Комисијата за заразни болести, ќе се одбележи овој значаен јубилеј како за Синдикатот на УПОЗ, така и за синдикалното движење во нашата држава.

На прослава, покрај членови на Синдикатот на УПОЗ ќе присуствуваат Министерот за правда Бојан Маричиќ и Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и повеќе синдикатите од странство, со кој Синдикатот на УПОЗ оставрува непосредна соработка.

По повод 30-ет годишнината од формирањето на Синдикатот на УПОЗ, ќе биде промовирана Монографија насловена “Синдикат на УПОЗ од формирањето до денес, преку која ќе биде пренесен развојниот пат на Синдикатот од формирањето до денес.

На прославата, ќе бидат доделени и благодарници на истакнати членови и соработници на Синдикатот на УПОЗ, кои континурано повеќе од 15-ет години, дале соодветен придонес и го афирмирале Синдикатот низ годините наназад.

Повеќе информации, за овој настан, ќе бидат објавени во текот на утрешнио ден.  

На 02.07.2021 година, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Богданци со кој дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос.

На 02.07.2021 година, Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при општина Богданци, претставувани од Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски и претседателот на Синдикалната организација Маријан Пеев од една страна и Градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов го потпишаа Колективниот договор за вработените во општина Богданци.

Оваа активност е уште еден показател дека Синдикатот на УПОЗ и натаму продолжува со склучување на колективни договори на ниво на работодавач. Колективниот договор за вработените во Општина Богданци содржи одредби со кои се подобруваат правата на вработените и нивата положба.

На последната седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ одржана на 09.06.2021 година, беше актуелизирано прашањето за зголемување на платите во државната администрацијата и правосудството. Согласно заклучоците на седницата, деновиве Синдикатот испрати писмо до Владата на РСМ и Министерството за финансии со цел отпочнување на преговори за зголемување на ниските плати и предлози за нов начин на пресметка на платите кој ќе го следи порастот на животните трошоци.

Синдикатот на УПОЗ веќе подолг временски период, ги следи состојбите со висината на платите на вработените во државната администрација и правосудството и нешто повеќе од една година испрати барање до Владата на РСМ за нивно зголемување.

Согласно податоците на Државниот завод за статистика просечната нето плата исплатена за месец март 2021 година изнесува 28.127,00 денари. Со последните измени на Законот за минимална плата, за 2021 година е 15.194,00 денари. Иако порастот на просечната и минималната нето плата на ниво на држава е за поздравување, вработените во администрацијата и правосудството за жал примаат плати и под просечната плата, но и под минималната плата.

Во изминатите неколку години, политиките на Владата придонесоа во одредени делови од јавниот сектор да има зголемување на платите и до 25%, но последното зголемување на платите во администрацијата беше со исплата на септемвриската плата во 2019 година, кога овие вработени добија покачување на плата од 5%.

Поразителен но и вистинит е фактот дека скоро 95% од вработените во администрацијата и правосудството имаат пониска плата од просечната плата, а уште по поразителен е фактот дека поради различниот систем на плати, во овој момент референтите и помладите референти во администрацијата имаат плата пониска од минималната плата што е и спротивно на закон.

Исто така, поради растечката инфлација и цените на основните производи за живот, во постојан пораст е и износот на синдикалната минимална кошница. Вредноста на синдикалната минимална кошница за семејство од четири члена со најосновните и најевтините производи за домување, исхрана, хигиена итн. за месец април изнесува 33.976,00 денари.

Синдикатот на УПОЗ уште во 2019 година, се обрати до Владата со предлог за нов начин на пресметка на платите на вработените во администрацијата, и го прифати предлог. Но заради надлежните сметаа дека нема можност за било какво зголемување во постојните услови на пандемија.

За таа цел, Синдикатот на УПОЗ повторно го актуелизира прашањето со платите и очекува во најбрз можен рок да отпочнат преговори со Министерството за финансии.  

Синдикатот на УПОЗ има бројни аргументи со кои ќе ја убеди другата страна дека е неминовна корекција на платите и заради фактот што изнесените податоци а и заради фактот што минатата година со офицјиален допис, Владата на РСМ ја прифати нашата иницијатива и побара од Министерството за финансии да отпочне преговори.