На 01.09.2022 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата четврта седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 113 неповратни барања во вкупен износ од 634.300,00 денари а беа одобрени и седум вонредни позајмици за лекување во износ од 198.000,00 денари.

Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања, на 01.09.2022 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата четврта седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.

По основ парична помош за боледување беа поднесени 14 барања барања кои во вкупен изнесуваат од 80.200,00 денари. Шест барања беа поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 39.000,00 денари а беа реализирани и четири барања за елементарна непогода во вкупен износ од 95.000,00 денари. Исто така на седницата беа разгеледани и шест барања за парична позајмица по разни и одобрен износ од 106.000,00 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 18.06.2022 година до 31.08.2022 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 120 барања во вкупен износ од 832.300,00 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 21 барања во износ од 63.000,00 денари
  • Парична помош за смрт на член на Фондот – две барања во износ од 40.000,00 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – шест барања во износ од 60.000,00 денари
  • Парична помош за пензионирање – 54 барања во износ од 158.800,00 денари
  • Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – 73 барања во износ од 219.000,00 денари (исплата за заболените членови од Ковид 19);
  • Парична помош во исклучителни случаи – две барања во износ од 9.500,00 денари.
  • Парична помош за прваче – 28 барање во износ од 84.000,00 денари и
  • Парична позајмица за лекување – седум барања во износ од 198.000,00 денари.

Членовите на Синдикатот на УПОЗ преку Солидарниот фонд, со поднесување на целосна документација за остварување на неповратна парична помош за прваче, ќе им биде исплатен износ во висина од 3.000,00 денари. 

Потребни документи за остварување на ова право кое се остварува преку претседателот на синдикалната организација се: 

  • Мислење (го пополнува претседателот на синдикалната организација)
  • Барање (го пополнува членот на Синдикатот) 
  • Потврда за упис во прво одделение; 
  • Копија од извод на родени за детето. 

Сакаме на сите родители, членови на Синдикатот на УПОЗ, да им го честитаме почетокот на основното образование на своите најмили. 

Денес, 25.08.2022 година, во просториите на Општина Кавадарци, беше потпишан Колективениот договор за вработените во Општина Кавадарци, со кој се унапредија правата од работен однос за вработените во локалната самоуправа.

Овој колективен договор беше потпишан од страна на Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Кавадарци Зоран Ифтимов од едната старна и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев од другата страна.

Со овој колективен договор, вработените во Општина Кавадарци ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималанта плата, право на регрес за годишен одмор, повеќе денови за платено остсуство итн.

“Овој колективен договор од денес па натаму ќе преставува урнек за колективно преговарање за сите општини низ нашата држава кои ќе го отпочнат процесот на колективно договарање. Во него благодарејќи на градоначалникот Јанчев, а воедно и на преговарачкиот тим на синдикалната организација, се предвидоа права со кои вработение во Општина Кавадарци треба уште по мотивирано да ги извршуваат своите работни задачи истакна Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Денес, 24.08.2022 година, во просториите на Општина Петровец, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Петровец. 

Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпиша претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Петровец Елена Младеновска од едната старна и Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски од другата страна. 

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Петровец како вработувањето и унапредувањето, платите и надоместоците, регресот за годишен одмор итн. 

Радува фактот што Синдикалната организација при Општина Петровец, самоиницијативно од страна на вработените се формираше во почетокот на месец јули, и по само месец дена се подготви и потпиша текст на Колективен договор.