Денес во просториите на Општина Кавадарци, беше остварена работна средба помеѓу Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, на која заеднички се констатираше дека е потребно да се унапредат правата од работен однос преку потпишување на колективен договор. 

Од страна на Генералниот секретар беше посочено дека прва активност која ќе биде пореземена од страна на Синдикатот на УПОЗ е формирање на синдикална организација, а со тоа ќе се отпочне и со подготовка на текст на колективен договор. 

Преку колективен договор во Општина Кавадарци ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата, право на регрес за годишен одмор, повеќе денови за платено отсуство итн. 

На ден 19.07.2022 година, во просториите на Општина Богданци, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Богданци Силвана Данаилова од едната страна и градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов од другата страна, го потпишаа Анексот на Колективниот договор за вработените во Општина Богданци, со кој вработените во општината ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималнат аплата. 

Со овој Анекс, вработените со платата за месец јули ќе добијат усогласвуање во износ од 2.806,00 денари. 

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски искажа задоволство на конструктивниот дијалог кој го имавме со Градоначалникот Шапов, кој во овие тешки времиња изнајде начин да ги усогласи платите на вработените, со што дополнително ќе ги мотивира уште по енергично и ефикасно да ги извршуваат своите работни задачи.

Во просториите на Општина Центар претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на СО при Општина Центар Лидија Неделковска од едната страна и градоначалникот Горан Герасимовски од другата страна, беше потпишан анекс на колективниот договор за вработените во Општина Центар, преку кој вработените во општината со платата за месец август, ќе добијат усогласување во износ од 2.806,00 денари. 

Во месец септември, двете страни се договорија да се отпочне со подготовка на нов текст на колективен договор, со поголеми права за вработените во општината. 

Денес, во општина Струга на барање на Синдикатот на УПОЗ се одржа работна средба со градоначалникот Рамиз Мерко а во врска со усогласувањето на платите со порастот на минималната плата. 

Од страна на Синдикатот на УПОЗ кој беше преставуван од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски и претседателот на Синдикалната организација при Општниа Струга Ермира Мехмеди, се пренесе ставот дека е потребно што поскоро да се направи усогласување на платите. 

Градоначалникот Мерко ја поддржа иницијативата на Синдикатот на УПОЗ и двете страни се договорија да се подготви нов текст на Колективен договор за вработените во Општина Струга во кој покрај усогласување на платите ќе се урадат и останатите права за вработените во локалната самоуправа.