Денес, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, беше потпишан Колективниот договор за вработените во Општина Росоман. Овој Колективен договор беше потпишан од страна на Синдикатот на УПОЗ кој беше преставуван од Претседателот Трпе Деаноски и претседателот на синдикалната организација при Општина Росоман Слободан Гелевски од едната страна и градоначалникот на Општина Росоман Стојан Николов од другата страна. 

Во овој колективен договор, се утрдени права поголеми од оние кои се законски предвидени, а исто така со овој колективен договор се усогласени и сите плати со порастот на минималната плата. 

Од 22.09 до 25.09.2022 година, во Теслич - Република Срспка во организација на Синдикатот на управата на Република Српска, а по две годишна пауза се одржаа 13-тите меѓународни спортски игри и средби на Синдикатите од југоисточна Европа на кои учество зедоа повеќе од 250 учесници. 

Делегацијата на Синдикатот на УПОЗ беше преставувана со 49 учесници, а се натпреваруваше во сите дициплини. 

Позначајни резултати беа забележени во пинг понг и баскет каде беше освоено првото место, и три трети места во мал фудбал, кошарка и пикадо. 

Севкупен победник на 13-тите СИС беше Синдикатот на правосудството од Србија, а Синдикатот на УПОЗ го зазема четвртото место на конечната табела. 

На ден 19.09.2022 година, во просториите на Општина Дојран, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Дојран. Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Дојран Милка Ајцева од едната страна и Градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов од дргата страна.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Дојран и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата.  

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, изрази големо задоволство од постигнатите решенија и потпишвуањето на Колективниот договор и истакна дека само преку социјален дијалог можат да се решат сите отворени прашања на вработените.

Во просториите на Општина Ново село на ден 19.09.2022 година, со кој се унапредија правата на вработените од работен однос во Општина Ново село.  

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Ново Село, претставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Ацо Крлев од една страна и Градоначалникот на Општина Ново село Ѓорѓе Божинов го потпишаа Колективниот договор за вработените Општина Ново Село.   

Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата итн.

Во периодот кој следи, ќе продолжат активностите на Синдикатот на УПОЗ за унапредување на правата од работен однос.