Денес во просториите на Синдикатот на УПОЗ, со потпишување на Колективен договор, се унапредија правата од работен однос за вработените во Општина Маврово и Ростуше.
Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Маврово и Ростуше, преставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Рифат Рамадани од другата страна и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, го потпишаа Колективниот договор за вработените во локалната самоуправа.
Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, усогласување на платите со порастот на минималната плата итн.
Во просториите на Синдикатот на УПОЗ, денес 21.12.2022 година, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Делчево, со кој се унапредија правата на вработените во локалната самоуправа.
Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Делчево, преставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на синдикалнта организација Ивана Ивановска од едната страна и Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски од другата страна, го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Делчево.
Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата итн.