На средбата со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), преставниците на Синдикатот на УПОЗ, го искажаа ставот на Синдикатот во врска со новите Предлог - Закони за вработените во јавниот сектор и административни службеници. 

На барање на Синдикатот на УПОЗ, вчера во просториите на МИОА се одржа работен состанок со министерот Адмирим Алити на кој се дискутираше за актуелните прашања со кои се соочуваат вработените во државната администрација. 

Синдикатот на УПОЗ на оваа средба беше преставуван од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски и претседателот на одборот за административни службеници Зоран Георгиевски. 

Претседалот Деаноски укажа на фактот дека Синдикатот на УПОЗ има предложи и забелешки на предложените текстови на законите за вработените во јавниот сектор и административни службеници. Дел од овие предлози веќе се доставени и соопштени пред МИОА, и информираше дека Синдикатот на УПОЗ ќе земе активно учество на престојните јавни дебати по овие закони. 

Од страна на претставниците на Синдикатот беше побарано членот 71 од Предлог - Законот за административни службеници да се однесува на сите вработени во државната администрација. Се нагласи дека доколку опсоти предложеното законско решение, одредена група на вработени се дискриминираат и за иста работна позиција ќе добиваат различна плата.

Претседателот Деаноски го запозна Министерот Алити со правото на исплата за регрес за годишен одмор за 2020 година, право кое им следува на вработентие во државната администрација, односно дека одредени работодвачи веќе изнаоѓаат начин да го исплатат ова право утврдено со Гранскиот колективен договор, и дека веќе се поднесени голем број на тужби за ова право. Со ова се потврдува и ставот на Синдикатот на УПОЗ дека со заклучок на Влада не може да се дерогираат права предвидени во Колективен договор. 

Министерот Алити посочи дека одредени решенија во Предлог - Законот за административни службеници се насока на Европската унија и дека тие во одреден дел мора да се испочитуваат. Тој укажа и на тоа дека потребно е да го унапредиме социјалниот дијалог, и Синдикатот на УПОЗ ќе биде вклучен во целиот процес на реформата која ни следи. 

Во просториите на Општина Кочани, денес 18.10.2022 година, се потпиша Колективен договор со кој се унапредија правата на вработените од работен однос во Општина Кочани. 

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Кочани, преставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на СО при Општина Кочани Суад Мехмед од едната страна и Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Кочани. 

Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата итн. 

Вицепремиерот Битиќи, денес ни порача дека кратењето на плати не треба да го сфатиме лично. А, како да го сфатиме? 

Неофицијалните информации говорат дека сите вработени кои ќе се упатат да работат од дома, ќе добијат помала плата од 10% до 30%. Тоа значи дека како награда за работата од дома, која ќе значи повисоки сметки за струја, греење, храна итн. ќе добијат пониски плати, а во некои случаи дури и пониска плата од минималната плата. 

Со овој потег, Владата ги укина Сндикатите и Колективнито договарање, и ги прекрши Уставот, Законите и Конвенциите на МОТ кои Р.Македонија ги има потпишано. 

Ќе дочекаме за прв пат во историјата на нашата држава, еден Министер да добие поголеми ингеренции од Премиерот и во најголема финансиска криза да одлучува кој смее, а кој не смее да добие плата. 

Со ваквите постапки, Владата едноставно успеа да го навлече бесот на вработентие и да ги обедини Синдикатите, а за последиците и беост кој ќе произлезе од овие мерки, ние нема да бидеме одговорни. 

Денес, 06.10.2022 година, во простирите на Општина Штип, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Штип. 

Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Штип Борче Врезенков од едната страна и Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов од другата страна. 

Со овој Колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените во Општина Штип и тоа вработувањето и унапредувањето, работата во неработни денови, платите и надоместоците, регресот за годишен одмор итн.