Вицепремиерот Битиќи, денес ни порача дека кратењето на плати не треба да го сфатиме лично. А, како да го сфатиме? 

Неофицијалните информации говорат дека сите вработени кои ќе се упатат да работат од дома, ќе добијат помала плата од 10% до 30%. Тоа значи дека како награда за работата од дома, која ќе значи повисоки сметки за струја, греење, храна итн. ќе добијат пониски плати, а во некои случаи дури и пониска плата од минималната плата. 

Со овој потег, Владата ги укина Сндикатите и Колективнито договарање, и ги прекрши Уставот, Законите и Конвенциите на МОТ кои Р.Македонија ги има потпишано. 

Ќе дочекаме за прв пат во историјата на нашата држава, еден Министер да добие поголеми ингеренции од Премиерот и во најголема финансиска криза да одлучува кој смее, а кој не смее да добие плата. 

Со ваквите постапки, Владата едноставно успеа да го навлече бесот на вработентие и да ги обедини Синдикатите, а за последиците и беост кој ќе произлезе од овие мерки, ние нема да бидеме одговорни. 

Денес, 06.10.2022 година, во простирите на Општина Штип, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Штип. 

Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Штип Борче Врезенков од едната страна и Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов од другата страна. 

Со овој Колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените во Општина Штип и тоа вработувањето и унапредувањето, работата во неработни денови, платите и надоместоците, регресот за годишен одмор итн. 

Денес, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, беше потпишан Колективниот договор за вработените во Општина Росоман. Овој Колективен договор беше потпишан од страна на Синдикатот на УПОЗ кој беше преставуван од Претседателот Трпе Деаноски и претседателот на синдикалната организација при Општина Росоман Слободан Гелевски од едната страна и градоначалникот на Општина Росоман Стојан Николов од другата страна. 

Во овој колективен договор, се утрдени права поголеми од оние кои се законски предвидени, а исто така со овој колективен договор се усогласени и сите плати со порастот на минималната плата. 

Од 22.09 до 25.09.2022 година, во Теслич - Република Срспка во организација на Синдикатот на управата на Република Српска, а по две годишна пауза се одржаа 13-тите меѓународни спортски игри и средби на Синдикатите од југоисточна Европа на кои учество зедоа повеќе од 250 учесници. 

Делегацијата на Синдикатот на УПОЗ беше преставувана со 49 учесници, а се натпреваруваше во сите дициплини. 

Позначајни резултати беа забележени во пинг понг и баскет каде беше освоено првото место, и три трети места во мал фудбал, кошарка и пикадо. 

Севкупен победник на 13-тите СИС беше Синдикатот на правосудството од Србија, а Синдикатот на УПОЗ го зазема четвртото место на конечната табела.