Во просториите на Општина Центар претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на СО при Општина Центар Лидија Неделковска од едната страна и градоначалникот Горан Герасимовски од другата страна, беше потпишан анекс на колективниот договор за вработените во Општина Центар, преку кој вработените во општината со платата за месец август, ќе добијат усогласување во износ од 2.806,00 денари. 

Во месец септември, двете страни се договорија да се отпочне со подготовка на нов текст на колективен договор, со поголеми права за вработените во општината. 

Денес, во општина Струга на барање на Синдикатот на УПОЗ се одржа работна средба со градоначалникот Рамиз Мерко а во врска со усогласувањето на платите со порастот на минималната плата. 

Од страна на Синдикатот на УПОЗ кој беше преставуван од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски и претседателот на Синдикалната организација при Општниа Струга Ермира Мехмеди, се пренесе ставот дека е потребно што поскоро да се направи усогласување на платите. 

Градоначалникот Мерко ја поддржа иницијативата на Синдикатот на УПОЗ и двете страни се договорија да се подготви нов текст на Колективен договор за вработените во Општина Струга во кој покрај усогласување на платите ќе се урадат и останатите права за вработените во локалната самоуправа. 

На ден 08.07.2022 година, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Програмскиот директор на Развојниот центар за млади Александра Кнежевиќ, ја продолжија соработката која Синдикатот на УПОЗ и Развојниот центар за млади ја остваруваа во последните две години.

Во периодот кој измина, беа реализирани неколку заеднички активности за младите членови на Синдикатот на УПОЗ, а во наредниот период фокусот ќе биде насочен кон зголемување на капацитетите на Секцијата на жени при Синдикатот на УПОЗ.

Меморандумот за соработка беше продолжен на две години, период во кој ќе бидат реализирани уште неколку активности за членовите на Синдикатот на УПОЗ.