На ден 19.09.2022 година, во просториите на Општина Дојран, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Дојран. Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Дојран Милка Ајцева од едната страна и Градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов од дргата страна.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Дојран и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата.  

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, изрази големо задоволство од постигнатите решенија и потпишвуањето на Колективниот договор и истакна дека само преку социјален дијалог можат да се решат сите отворени прашања на вработените.

Во просториите на Општина Ново село на ден 19.09.2022 година, со кој се унапредија правата на вработените од работен однос во Општина Ново село.  

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Ново Село, претставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Ацо Крлев од една страна и Градоначалникот на Општина Ново село Ѓорѓе Божинов го потпишаа Колективниот договор за вработените Општина Ново Село.   

Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата итн.

Во периодот кој следи, ќе продолжат активностите на Синдикатот на УПОЗ за унапредување на правата од работен однос.

На барање на Синдикатот на УПОЗ, денес во просториите на Врховниот суд на РСМ, се одржа работна средба помеѓу претседателот на Врховниот суд Г-ѓа Беса Адеми и преставниците на Синдикатот на УПОЗ, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски, претседателот на Синдикалната организција при Апелационен суд Скопје Лилјана Зафирова и претседателот на Синдикалната организцаија при Основен суд Велес Горанчо Чолаков.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, ја запозна претседателката на Врховниот суд со актуелните проблеми со кои се соочуваат вработените во судовите. Најмногу внимание на денешната средба се посвети на висината на платите и статусот на вработените во судовите. Како решение на овој долгогоришен проблем се истакна можноста за интевенција во новиот текст на Законот за судска служба на кој во овој момент се подготвува од страна на работните групи.

Исто така Претседателката на Врховниот суд беше запозаена со игнорантскот однос од страна на Судскиот буџетски совет, кој наместо да одржува редовни работни средби со Синдикатот на УПОЗ, претставаува само генератор на проблеми на вработените во судовите.

Од страна на Претседателката на Врховниот суд беше истакнато дека ќе се заложи во рамките на нејзините овластувања во најбрз рок да се решат проблемите на вработените во судовите, а барањата на Синдикатот на УПОЗ, особено за висината на платите ќе ги истакне во Судскиот буџетски совет и дека вработените во судовите секогаш можат да сметаат на нејзина поддршка.

Денес по иницијатива на Синдикатот на УПОЗ и синдикалната организација при ФЗОМ, се одржа работна средба со Директорите на фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска – Грашкоска и Фатон Ахмети, а со цел доследна примена на Колективниот договор за вработените во Фондот за здравствено осигурување.

Од старна на Синдикатот на УПОЗ, кој беше преставуван од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски и претседателот на Синдикалната организација при ФЗОМ Бранко Аџигогов, беше посочено дека и покрај предвидените права од колективниот договор, одредени права и натаму не се исплатуваат односно вработените ќе бидат приморани ова право да го оставарт по судски пат.

Исто така на средбата беше отворено и прашањето за исплата на регресот за годишен одмор за 2020 и 2022 година, право кое е предвидено во КД за вработените во ФЗОМ, а исто така и во Гранскиот колективен договор. Во однос на ова прашање, директорите посочија дека имаат добра воља доследно да го применуваат колективниот договор, со оглед што правата кои им следуваат на вработените никој не може да им ги оспори.  

На крајот од средбата, двете страни се договорија дека е нужно да се усогласат платите на вработените во ФЗОМ, а тоа да се овозможи преку потпишвуање на нов Колективен договор. До крајот на месец септември ќе бидат извршени финансиски анализи од страна на ФЗОМ, и ќе биде подговен нов текст на колективен договор, со што дополнително ќе се унапредат правата од работен однос за вработените во ФЗОМ.