ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Во просториите на Општина Старо Нагоричане денес, 13.12.2022 година, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Старо Нагоричане, со кој се унапредија правата на вработентие од работен однос. 

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Старо Нагоричане, преставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Драган Јовановски од едната страна и Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане Жаклина Јовановска од другата страна, го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Старо Нагоричане. 

Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата итн.