Почитувани членови на Синдикатот на УПОЗ,

Дозволете најпрвин во нашето прво обраќање до Вас оваа година да Ви ги честитаме празниците и да Ви посакаме успешна и плодна година на секој план!

А почетокот на секоја нова календарска година секогаш е добра можност да се сумира сработеното од претходната. И, кога ќе погледнеме наназад и ќе се потсетиме што побаравме, што добивме и што ни ветија дека ќе се исполни, ние како Синдикат на работниците од управата, правосудството и здруженијата на граѓани на Република Македонија можеме да бидеме задоволни.

Можеби некои нема да се сложат со нашата констатација, но аргументите се на наша страна! 

Конечно за прв пат после толку години на хибернација и тапкање во место започнавме конструктивен и реален дијалог со власта. Не очекувавме ниту дека тоа ќе биде лесно ниту дека дијалогот одма и веднаш ќе ги реши сите, со години наназад наталожени проблеми.

Сепак очекуваме годинава чекорите од страна на власта да бидат поцврсти и посигурни за заедно да обезбедиме поцврста и посигурна перспектива на синдикалното движење и синдикалните процеси во државава. Очекуваме вклученост во сите процеси коишто ги тангираат работниците и нивните права.

Изминатата година, се водеа дисциплински постапки во кој Синдикатот беше застапник за своите членови, и издвојува истите да не бидат казнети.

2018 година, повеќе синдикални организации, Општина Крива Паланка, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за транспорт и врски, Дирекција за заштита и спасување, Општина Битола и Агенција за катастар на недвижности почнаа со работа на колективните договори на ниво на работодавач, договори со кои ќе се унапредат правата на членовите на Синдикатот на УПОЗ очекуваме да со работодавачот изнајдеме заеднички јазик и истите да бидат потпишани, а потпишавме колективен договор во изминатата година во Државен инспекторат за земјоделство. Во периодот што следи, очекуваме поголем интерес на синдикалните организации за потпишување на колективни договори на ниво на работодавач.

Исто така во изминатата година, мораме да нампоменеме дека работната група на Синдикатот на УПОЗ, интензивно работеше на Гранскиот колективен договор за административните службеници, службениците вработени во правосудните органи и другите вработени во државната управа и правосудните органи, кој ќе биде исклучително важен за сите административни службеници, во кој Синдикатот на УПОЗ бара поголеми права од веќе постоечките. Очекуваме до крајот на јануари, истиот да биде потпишан.

Минатата година како и таа пред неа ја водевме битката за конечно враќање на неправедно задржаните средства за време на штрајкот во 2016 година. Очекуваме ова да го решиме многу брзо како што ни беше ветено.

И не само тоа! Почетокот на оваа година ќе биде во знакот на исправување на неправдата и израмнување на судските службеници со другите вработени во правосудството во делот на исплата на додатоци на плата. Овие измени на Законот на судска служба со кои и вработените во судовите ќе добијат додатоци на плата во висина од 35% се донесоа на крајот од 2018 година иако можеа да се донесат многу порано. Со тоа и судските службеници станаа дел од она што и правно се: дел без кој судска власт не може да функционира! Не може да има судења и водење судски спорови ако нема судска администрација која се грижи за админситративната страна на тие судски спорови.  Ова го знаат сите, но за жал еден добар дел од судкските власти овој факт го игнорираат и со тоа ги рагзневуваат судските службеници. Гневот на сите нас заврши со поднесување на кривична пријава против претседателот на судскиот совет на Република Македонија Зоран Караџовски, како и против членовите на Судскиот буџетски совет на Република Македонија поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија. Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и Здружението на судска администрација на Република Македонија (ЗСА) очекуваат Основното јавно обвинителство како надлежен орган за прогон да ги преземе сите соодветни дејства за кривично гонење на пријавените лица за сторените кривични дела.

Да заклучиме. Не чека година кога некои процеси ќе ги заокружиме и година кога други битни процеси ќе ги започнеме. И тоа веќе од утре!  

Со почит,

Синдикат на УПОЗ

Синдикат на УПОЗ и ЗСА како реакција на скандалозната и незаконски донесена Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата на судии и членови на судскиот совет на Република Македонија за месеците септември и октомври 2018 година донесена од  Судскиот буџетски совет во понедленик ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски.

Ова го најави на денешната конференција за медиумите претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски кој рече дека очекувале претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски да се одважи и од морални причини да си поднесе оставка, но со оглед на тоа што до овој момент тоа не се случи тој се прашува дали има надлежна институција во државава која може да му застане на патот на злоупотребите и самоволието на овој човек.

 ,,Синдикатот на УПОЗ и ЗСА во понеделник ќе поднесат кривична пријава против Зоран Караџосвски заради очигледната злоупотреба на службената положба со двете Одлуки потпишани од него за исплата на додатоци на плата на судиите и на членовите на Судскиот совет. И правта и втората одлука на претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски се скандалозни бидејќи основа за исплата на плата на членови на Судски совет не постои, а уште поскандалозна е втората Одлука од 19 декември за ретроактивна исплата на плата на судиите и на членовите на советот, рече Грујовски и додаде:

,,Доколку судиите согласно со оваа Одлука ги примат додатоците за септември и октомври, а посебно ако тоа го направат и по втор пат членовите на Судскиот совет ќе станат соучесници во ова кривично дело што го направи претседателот на  Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски. Но, не се само овие негови злоупотреби и прекршувања на законите. Имено, за време на штрајкот во 2016 година намалувајќи им ја платата на судските службеници се правдаше дека ако не постапи така ќе го прекрши членот од Законот за судска служба и со тоа ќе го оштети Буџетот на државата, и веднаш потоа го прекрши Законот и наместо со поедничени решенија штрајкувачите беа казнети со наредба до благајните да им се задржи 40 посто од платата. Како што реков, двете Одлуки за исплата на додатоци на плата се сканадалозни, и онаа од 30 ноември и онаа  од 19декември со која ретроактивно ќе се исплаќаат додатоци на плата на сите судии и членовите на Судскиот совет, подвлече на денешната конференција за медиумите претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски.  

Тој рече дека Синдикатот на УПОЗ и ЗСА не се против додатоците на плата бидејќи тоа право им следува законски на судиите и доколку не им се исплати можат по судски пат да го остварат, а не со незаконска Одлука за ретроактивно исплаќање донесена од Судскиот буџетски совет.

Токму затоа, Грујовски го повика Караџовски којшто сака да се претставува како легалист да одговори на неколку прашања.

,,Го повикувам Караџовски да одговори: дали води сметка за законските основи само кога е во прашање судската служба и нивните права и ги казнува согласно со Законот, а безобразно го крши Законот кога се во прашање правата на судиите! Тој свесно и со намера прави злоупотреба на службената положба со неговите одлуки, особено со Одлуката за додаток на плата да добијат и членовите на Судскиот совет. Судските службеници за месец април 2017 година имаат добиено решенија за додаток на плата од 10 насто и тоа беше некое преодно решение заради коешто почуствувавме дека ќе има напредок и дека и судските службеници ќе го добијат тоа право. Меѓутоа тоа право не го остварија и затоа прашуваме зошто Судскиот буџетски совет досега не ги реализира овие решенија за судските службеници? Дали некој намерно ја провоцира судската служба да предизвика незадоволство кое може да има несогледливи последици затоа што е огромно незадоволството меѓу вработените од ова што се случува. За едни важат законите за други неважат!, рече Грујовски.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА побараа јавно да се произнесат членовите на Судскиот буџетски совет кои ја донеле оваа одлука на чело со Караџовски, кои се тие што евентуално не гласале за ваквата одлука, односно двете одлуки, или едногласно се донесени одлуките по онаа народната сложни калуѓери и во петок мрсат. Потенцираа дека право на додатоци на плата за посебни услови на работа имаат и јавните обвинители и јавнообвинителските службеници и дека тоа им го гарнатира Законот, но, тие не го остваруваат бидејќи во однос на судството немаат свој Буџет со кој располагаат.

 ,,Бараме итно да си ги остварат нивните  права во спротивно ќе бидеме принудени правата на вработените во јавните обвинителства да ги оствариме по судски пат бидејќи постои законски основ. Доколку дојде до штрајк, пак тој ќе биде досега најригорозен бидејќи луѓето се подготвени да ги затворат вратите, воопшто да не се работи дури ни итните предмети бидејќи револтот е огромен и затоа апелираме и до извршната и до судската власт посериозно да го сватат ова прашање. Ние долго апелираме до Владата, но досега споро одат работите и јас жалам што досега не се донесоа измените на Законот за судска служба во делот за додатоци на плата за и судските службеници да ги добијат тие права, заврши престедателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски обраќајќи се на денешната конференција за медиумите.

Право на додатоци на плата за посебни услови за работа имаат и јавните обвинители и јавнообвнинителските службеници, но тие не го остваруваат ова право бидејќи во однос на судството, тие немаат свој буџет со кој располагаат. Доколку итно не си ги остварат своите права, тие овие права ќе ги остварарат преку судски пат, што ќе нанесе штета на Буџетот на РМ. 

Сепак рече дека ќе бидат крајно претпазливи бидејќи се чини дека целта на Караџовски е намерна провокација за да предизвика повторно штрајк за кој повторно би ги казнил судските службеници и затоа доколку дојде до штрајк тој нема да трае повеќе од 60 дена, односно ќе трае два-три дена и би бил ригорозен и затоа повика на разум и седнување на заедничка маса за решавање на проблемите.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА остварија работна средба со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, министерот за финансии  Драган Тевдовски и министерката за правда Рената Дескоска

Претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудството и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и Здружението на судска администрација (ЗСА) остварија работна средба со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски и министерката за правда Рената Дескоска.

На средбата се донесоа заклучоци со кои ќе се решат моментално двата најакутни проблеми во судската служба, кои беа повод за одлуката за штрајк:

  • Итно донесување на измени на Законот за судска служба со кои и судските службеници ќе добијат додатоци на плата во висина до 35%, и
  • Враќање на задржаните средства за време на штрајкот во судовите од 2016 година.

По првото прашање претставниците на Владата на Р. Македонија земаа обврска до крајот на јануари 2019 година, во Собранието на Р. Македонија по скратена постапка да се изгласаат измените на Законот за судска служба, со кои и судските службеници ќе добијат додатоци на плата во висина до 35%.

 По однос на второто прашање се донесе заклучок дека во текот на јануари 2019 година, Владата на Република Македонија, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА заеднички со соопштение ќе ги известат судските службеници за начинот на кој ќе бидат вратени задржаните средства за време на штрајкот во 2016 година.

На средбата се разговараше и за предлозите на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА за формирање на посебно тело слично на Судскиот совет, чија функција би била да ги решава сите прашања поврзани со работата на судската служба бидејќи досегашната пракса покажува дека Судскиот совет и Судскиот буџетски совет работат исклучиво за подобрување на правата на судиите и воопшто не се ни трудат да ги унапредат правата на вработените во судовите.

Исто така, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски побара во измените на Законот за судска служба и Законот за судски буџет, да се предвиди синдикатот да има свој претставник во Судскиот буџет и Советот на судска служба. Само на овој начин синдикатот ќе може и ќе има влијание понепосредно да ги застапува интересите на судската служба.

Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и Здружението на судска администрација на Република Македонија (ЗСА) поднесоа кривична пријава против претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Зоран Караџовски, како и против членовите на Судскиот буџетски совет на Република Македонија поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Имено, осомничените членови и претседателот на Судскиот буџетски совет спротивно на својата положба и овластување и спротивно на Законот во два наврати и тоа на 30.11.2018 година и на 19.12.2018 година, изгласале и донеле одлуки за обезбедување на средства за исплата на додатоци на плата во висина од 35% за судиите и членовите на Судскиот совет. Со донесувањето на ваквите одлуки иако знаеле и биле свесни дека прават инкриминирани дејства на штета на буџетот на судската власт за 2018 година, истите ги изгласале и ги донеле одлуките со што свесно сториле штета на буџетот на судската власт за 2018 година. 

Да потсетиме, во Законот за платите на судиите, во член 7-б е предвидено дека судиите  имаат право на посебен додаток на плата за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост во износ кој не може да изнесува повеќе од 35% од платата на судијата, но не и членовите на судскиот совет. Иако Законот е дециден, на 30 ноември е донесена Одлуката и не застанале тука. Оваа одлука на 19 декември ја прошириле и надградиле со носење на нова Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месеците септември и октомври 2018 година која, не само што е спротивна на Законот, туку и е ретроактивна. И со оваа одлука повторно е предвидено на членовите на Судскиот совет да им бидат исплатени додатоци на плата во висина од 35% на износот на нивните плати, а истото е предвидено и да се направи за судиите во судовите на Република Македонија.

Претседателот и членовите на Судскиот буџетски совет, како поранешни и сегашни судии многу добро се запознаени со фактот дека донесувајќи вакви одлуки спротивни на закон го повредуваат едно од основните начела на правото, а тоа е владеење на правото и не повратното дејство на важење на законите и одлуките, но сепак истите свесно и намерно ја донеле оваа одлука со која се прави огромна штета на буџетот на судската власт.

Од горенаведеното јасно произлегува дека во дејствата на лицата против кои е поднесена кривичната пријава се содржани елементите на кривичното дело, злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 од казнениот Законик, особено неспорно произлегува умислата и директната намера за повреда на правата на судските службеници и причинување на материјална штета на истите. 

Поради ова, пак, оштетените вработени во судската администрација преку подносителите на оваа кривична пријава Синдикатот на УПОЗ, кој е гранков синдикат и Здружението на судска администрација, како здружение на граѓани во кое членуваат вработените во судската администрација - се обратија до Основното Јавно Обвинителство Скопје како надлежен орган за прогон да ги преземете сите соодветни дејства за кривично гонење на пријавените лица за сторените кривични дела.