На 30.10.2020 година, Синдикатот на УПОЗ и Општина Куманово претставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на Синдикалната организација при Општина Куманово Дарко Станојковски  и Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Куманово.

Оваа активност е уште еден показател дека Синдикатот на УПОЗ и натаму продолжува со склучување на колективни договори на ниво на работодавач. Колективниот договор за вработените во Општина Куманово содржи одредби со кое се подобруваат правата на вработените и нивата положба.

Со овој Колективен договор решен е и проблемот со платите на професионалните пожарникари вработени во Општина Куманово и мислиме дека ова решение може да се примени во сите останати општини како и во Градот Скопје.

Во наредниот период Синдикатот на УПОЗ ќе продолжи со своите активности за потпишување на колективни договори на ниво на работодавач и во други институции.

На барање на Синдикатот на УПОЗ во текот на вчерашниот ден Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски и Генералниот секретар Трпе Деаноски остварија работна средба со Претседателот на Владата на С. Македонија, Зоран Заев.

На средбата се разговараше за неколку прашања кои се од интерес за вработените во државната управа и правосудните органи, а тоа се состојбата со платите на вработените, примената на Гранскиот колективен договор и најавената можност за предвремено пензионирање на вработените.

Претставиците на Синдикатот на УПОЗ истакнаа дека во изминатите 3 години, Синдикатот покрај Гранскиот колкетивен договор склучи уште 18 колективни договори на ниво на работодавач со кои се подобрени правата од работен однос на вработените.

Иако, тоа покажува дека социјалниот дијалог и партнерство се на високо ниво, сепак постојат одредени проблеми при примената на колективните договори, а најголемиот дел од нив се однесуваат на учеството на синдикалните претставници во подготвувањето на буџетот кај работодавачите и исплата на надоместоците и додатоците на плата.

По однос на прашањето за платите на вработените во државната управа Претседателот на Владата на С. Македонија информираше дека и покрај Ковид кризата платите на вработените во државната управа нема да бидат загрозени и намалени.

Синдикатот на УПОЗ и Владата искажаа различни ставови и несогласувања во врска со планот на Владата регресот за годишен одмор на вработените да се исплати со стекнување на правото за годишен одмор во месец јуни 2021 година.

Вчера, 20.10.2020 година Комисијата за солидарен фонд ja одржа 28-мата седница на, на која беа разгледани барања по најразлични основи и беа одобрени 84.600 денари неповратна помош и 176.000 денари парични позајмици.

Во периодот меѓу двете седници од 01.09 до 19.10.2020 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 152 барање во вкупен износ од 650.700 денари и тоа:

  • парична помош за новороденче - 15 барања во износ од 45.000 денари;
  • парична помош за прваче - 92 барања во износ од 276.000 денари;
  • парична помош за смрт на член на Фондот - 2 барања во износ од 40.000 денари;
  • парична помош за смрт на член на потесно семејство - 8 барања во износ од 80.000 денари:
  • парична помош за заминување во пензија - 8 барања во износ од 23.700 денари
  • парична помош во исклучителни ситуации - 26 барања во износ од 156.000 денари
  • парична позајмица за лекување - 1 во износ од 30.000 денари.

Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ и натаму ќе продолжи да ја следи состојбата и да им помага на сите членови кои ги исполнуваат условите дадени во Правилникот за солидарен фонд.

Со овој договор Синдикатот на УПОЗ им овозможува на своите членови и на членовите на нивните потесни семејства да студираат и да ја плаќаат школарината на 12 месечни рати или во готово со 10 % попуст.

На ден 15.10.2020 година, во просториите на Меѓународниот славјански универзитет “Г.Р. Державин” во Свети Николе беше склучен договор за деловно техничка соработка со кој на членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) и нивните семејства им се овозможува студии по промотивни цени.

Овој договор беше потпишан од страна на ректорот на МСУ “Г.Р. Держави” проф. д-р Ленче Петреска и претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски.   

Со овој договор, се овозможува почнувајќи од оваа учебна година користење на промотивни пакети за студиски циклуси кои се во реализација на Меѓународен Славјански универзитет “Г.Р. Державин” со безготовинско плаќање на 12 еднакви месечни рати. Висината на школарината за студии од втор циклус (3+2 и 4+1) за една академска година ќе изнесува 1.530 евра во денарска противвредност.

Членовите на Синдикатот на УПОЗ или членовите на нивните потесни семејства овие погодности за студирање на Меѓународниот славјански универзитет можат да ги остварат со доставување на потврда за членство во Синдикатот на УПОЗ при самиот упис. Потврдата (кликни тука) можете да ја добиете од претседателот на Синдикалната организација или директно во Синдикатот на УПОЗ. За сите подетални информации можете да се информирате на web страницата на универзитетот www.msu.org.mk .