На 11.11.2019 година, во просториите на Општина Гази Баба, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на синдикалната организација при Гази Баба Добри Петров и Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Гази Баба. Со овој Колективен договор се уредува статусот, правата, обврските и одговорностите во врска со работниот однос на вработените во Општина Гази Баба.  

Колективниот договор за вработените во Општина Гази Баба содржи општи одредби, обврски на вработените, права на вработените и нивата положба, надоместоци на плата и други примања, услови за работа и делување на синдикалната организација, одредби за остварување на право на штрајк, одредби за одговорности за вршење на работни задачи, но и други важни прашања поврзани со правата на вработените во Општината.

За непречено и активно работење на Синдикалната организација многу значаен е делот каде што се регулирани условите за работа и делување на синдикалната организација при што е наведено дека работодавачот е должен да создаде услови за работата на синдикалната организација во врска со заштита на правата на вработените од работниот однос, утврдени со закон, и со овој колективен договор.

Со овој Колективен договор, Синдикатот на УПОЗ продолжува со низата на потпишување на колективни договори а како што и претходно најавивме ќе се унапредат правата од работен однос на поголем број вработените.    

По најавата за протест на вработените во Фондот за здравстево осигурување кои бараат зголемување на нивните платите и потпишување на колективниот договор претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и синдикалните претставници од ФЗО одржаа средба со директорите на Фондот, Ден Дончев и Орхан Рамадани.

На средбата беа договорени одредени чекори кои ќе бидат заеднички преземени во наредните две до три недели со цел да се најде заедничко прифатливо решение. По осцршмоте разгпвпро заеднички беше констатирано дека на крајот ќе се изнајдат предлози кои ќе бидат на општо задоволство. 

Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски рече дека незадоволството на вработените од Фондот не е од вчера, туку веќе подолго време пред менаџментот на ФЗО го поставувале и разговарале за корекција на платите и потпишување на колективниот договор.

„Денеска двајцата директори на Фондот покажаа добра волја. Постигнавме договор со конкретни датуми и доколку во тој период не се реализира договореното ние го имаме правото повторно да организираме протест, а ако е незадоволството поголемо и штрајк. Вработените во Фондот имаат воопшто најниски плати но и споредено со платите на вработените административните службеници во здравствените установи. Договорено е до 20 ноември да бидеме информирани за тоа што и како менаџметот ќе направи во поглед на корекција на платите и да не известат за процентот на зголеувањето. До 01.12.2019 година оставивме рок да се преговара и да се усогласат ставовите за колективниот договор. Ако нема спорни прашања најдоцна до 1 декември да се потпише колективниот договор. Доколку до овој датум не се постигне договор во врска со платите и не се потпише колективниот договор, тогаш Синдикатот на УПОЗ ќе ја активираме одлуката за протест, евентуално и за штрајк”.

За да се рализира договореното ќе се преговара интензивно во наредниве две недели и да се дојде до усогласување на текстот на колективниот договор.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев за медиумите изјави дека ги разбираат барањата, но не и најавата за штрајк. 

Ги разбирам нивните барања, меѓутоа сметам дека најавата за штрајк не е начин да се решат тие проблеми. Денеска мислам дека најдовме заеднички прифатливо решение и ќе работиме заедно со цел да видиме што можеме заеднички да направиме”, рече Дончев.

Вчера Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација го искажа својот револт во однос на Одлуката со која за месеците септември и октомври добија додатоци на нивните плати за 10% а судската администрација 5%.

Изјавата на Судскиот буџетски совет објавена вчера во медиумите како одговор на нашата реакција е манипулација со јавноста и без трошка морал и одговорност. За таа цел сакаме да ја информираме јавноста за вистинските состојби во поглед на платите и додатоците на плата.

Платите на судските службеници не се зголемени за 5% туку со промена на Одлуката на Владата донесена на 10.01.2019 година, а објавена во Службен весник бр.4/2019, истата е пресметана со зголемена вредност на бодот од 77.24 на 81.10. Додека Законот за изменување на законот за исплата на плата во РСМ кој предвидува можност за зголемување на платите до 5%, Службен весник бр.202/2019, воопшто не е применет во пресметката на платите на судската служба.

Додатоците на плата се додатоци за посебни услови при работа, кои се и треба да бидат исти и за судиите и за судската служба. Платите пак на судиите се регулирани со посебен закон во кој нема измена на нивно зголемување.

Но судиите од Судскиот буџетски совет да не останат “покуси”, го прекршија законот како и многупати до сега, па наместо 5% додатоци на плата си доделија уште 5%, наводно како компензација затоа што тие не добиле зголемување на плата од 5% како судската администрација. Со тоа покажаа основно непознавање на законите или намерно кршење со цел да остварат што поголеми примања, притоа не правејќи разлика што е плата и како таа може да се зголеми а што е додаток на плата кој треба да биде еднаков за судиите и за судските службеници.

За да бидат работите појасни, ќе го кажеме и ова. Во периодот (пред повеќе од 15 години) кога статусот на вработените во судовите беше регулиран со Законот за судови, платата на судскиот соработник изнесуваше 80% од платата на судијата. Сега платата на судските соработници изнесува само 30% од платата на судијата.

Така преку нивниот самостоен судски буџет, судиите отидоа превисоко со платите а судските службеници останаа на дното и се направи огромна разлика. За судиите секогаш има законска можност, а за судската администрација секогаш наоѓаат законски пречки ако треба да се зголемат нивните плати или додатоци.

Членовите на Судскиот буџетски совет со години го злоупотребуваат судскиот буџет и располагаат со него како сакаат, како да е оставено од нивните родители.

Од овие причини, години наназад судовите се рекордери по бројот на штрајкови и протести како израз на нивното незадоволство од однесувањето на овие кои располагаат со судскиот буџет.

Денес, во просториите на Фондот за здравствено осигурување на РСМ(ФЗОРСМ) се одржа работна средба, помеѓу претставниците на Синдикатот и ФЗОРСМ претставуван од страна на директорите на фондот.

На средбата се разговараше за барањето на Синдикатот за зголемување на платите на вработените и активности за потпишување на колективниот договор во ФЗОРСМ.

Во врска со барањето за зголемување на платите беше договорено следново:

  • Да се разгледа можноста за корекција на бодовите за сите категории вработени согласно Законот за здравствено осигурување како и Правилникот за висина на платите, кое би започнало да се применува од почетокот на наредната година;
  • Воедно евентуално изнајдените решенија мора да се направат во рамките на можностите на ФЗОРСМ, а за истите Директорите на ФЗОРСМ ќе го известат Синдикатот на УПОЗ најдоцна до 20.11.2019 година;
  • Да се провери можноста дококлу постои остаток на средства до крајот на оваа година истите линеарно да се поделат на вработентие;
  • Се постигна согласност дека платите се круцијално прашање на вработените и затоа синдикатот и работодавачот ќе побараат заеднички прием кај Претседателот на Владата на РСМ.

Во врска со активностите за потпишување на колективен договор беше договорено следново:

  • Беше постигната согласност да започнат интензивни преговори од денес 06.11.2019 година и да се изготви финална верзија на колективен договор најдоцна до 20.11.2019 година, а доколку нема спорни прашања истиот да се потпише најдоцна до 10.12.2019 година.

Синдикатот се согласи врз основа на договореното со директорите да им се остави простор на нив како работодавач да изнајдат и усогласат законски можности за зголемување на платите, а Синдикатот да ја стави во мирување Одлуката за протест најавена за четврток 07.11.2019 година до 01.12.2019 година. Доколку до тој датум не се реализира договореното, Синдикатот ќе ја активира Одлуката за протестот.