Синдикатот ќе има свој преставник при донесување на систематизацијата на работните места.

Во врска со потпишувањето на Гранскиот колективен договор, сакаме да ги информираме нашите членови, кои права ги добиваат со овој колективен договор. Во делот на општите одредби е договорено дека Синдикалните организации на Синдикатот на УПОЗ со свој претставник учествуваат во процесот на спроведување на вертикалната функционална анализа, изготвување на правилилници за внатрешна органиација и систематизација на работните места, како и на нивните измени и дополнувања.

Работа во деновите кои се неработни солгасно закон, може да се предвиди само во случај на виша сила и зголемен обем на работа и таа мора да се најави на работникот два дена однапред.

Правото на паузи (30 минути во текот на денот), во случај каде според карактерот и природата на работите и задачите не се дозволува прекин на работата, како и во услови на работа со странки, паузата може да се организира на начин кој обезбедува непречено извршување на работата, а вработените да го оствари своето право.Новина е и тоа што вработениот во текот на месецот може да се јави на работното место со задоцнување, а без притоа да биде санкциониран од работодавачот најмногу 4 часа во текот на еден месец.

Во наредниот период, ќе следат повеќе информации во врска со Гранскиот колективен договор.

На ден 27.02.2020 година во Струмица, 50-тина членови на Синдикатот на УПОЗ од Управата за јавни приходи, Државниот завод за статистика, Основен суд Радовиш, Основен суд Струмица, Општина Гевгелија и Општина Богданци,беа дел работилницата на тема „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”.

Ова е третата по ред работилница, која се организира од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), а со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД и беше наменета за работниците во јавниот сектор од Југоисточниот регион.

Вработените во администрацијата секојдневно се соочуваат со предизвиците на корупција и се во клучна позиција да ги идентификуваат, но и да помогнат во спречувањето на овие предизвици. Токму затоа, на работилницата во Струмица, тие се запознаваа со корисни информации на тема корупцијата но и со можните судири на интереси, како и со заштитните законски механизми и начините за препознавање и пријавување на корупцијата, кои се достапни и им стојат на располагање.

„Особено сме среќни и задоволни што феноменот корупција, од вработените во јавниот сектор почна да се препознава како негативна појава која го поткопува развојот на државата. Па така, на овие работилници имаме голем одѕив и присуство на вработени кои доаѓаат од јавни институции како што се судовите, локалните самоуправи, министерствата и агенциите. Веруваме дека само со заеднички напори можеме да ги намалиме негативните ефектите на корупцијата, надевајќи се дека еден ден целосно ќе ја искорениме“, изјави Трпе Деаноски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ. 

Покрај работилницата во Струмица, проектот „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”, вклучува уште седум други работилници низ државата, наменети за вработените во јавниот сектор и една завршна конференција во Скопје. Проектот се имплементира со цел информирање на членовите на Синдикатот на УПОЗ на теми поврзани со спречувањето на корупцијата, а во исто време, и подигнување на свеста за последиците кои произлегуваат од корупцијата.

Ве информираме дека во Службен весник број 51 од 25.02.2020 година, конечно е објавен Гранскиот колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата, судовите, јавнитеобвинителства, казнено - поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието.

Во наредните неколку денови Синдикатот на УПОЗ ќе ги информира своите членови за позначајните придобивки од Колективниот договор кои ќе можат да се користат, а воедно ве информираме дека Гранскиот колективен договор ќе биде тема за работа на престојната Синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ и ќе биде објавен на неговата web страна.

Текстот на Гранскиот колективен договор, може да го видите тука (кликни тука)

На 13.02.2020 година, Синдикатот на УПОЗ и Општина Кисела Вода склучија колективен договор за вработените во општината.

Двете страни веќе извесен период работеа на одредбите од овој договор и истиот вклучува и унапредува сите позитивни законски прописи и воедно ги уредува сите специфики на работењето на вработените во општината. 

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски и Градоначалникот Филип Темелковски го истакнаа своето задоволство од соработката и од крајниот резултат. Двајцата истакнаа дека е битно одредбите од овој Колективен договор да се почитуваат и да се применуваат како од страна на работодавачот така и од вработените.