Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) пред истекот на 2019 година повторно го актуелизираше барањето судските полицајци да го добијат правото на т.н. бенефициран стаж.

Синдикатот на УПОЗ очекува конечно судската полиција да добие право на стаж на осигурување што се смета за зголемено траење или популарно наречениот бенефициран стаж.

Во таа насока, пред истекот на истекот на 2019 година, Синдикатот на УПОЗ одржа состанок со Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Судскиот Буџетски совет. Според договореното од овој состанок Синдикатот на УПОЗ до Министерството за труд и социјална политика, поточно до Секторот за пензиско и инвалидско осигурување поднесе иницијатива за измена на Законот за судска служба и Законот за пензиско и инвалидското осигурување.

При тоа, образложивме дека судските полицајци останаа единствени униформирани  службеници кои не добиле статус на овластени службени лица, со што не може да ја добијат и можноста за правото за стаж на осигурување што се смета за зголемено траење. Побаравме ИТНО да се започне постапка за измена на Законот за судска служба кој ја регулира работата на судската полиција и да се додаде член со кој тие ќе добијат статус на овластени лица. Побаравме и да се започне постапка за измена на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој ќе се утврди стаж на осигурување со зголемено траење за вработените во судската полиција.

Со жалење мораме да констатираме дека оттаму добивме еден нејасен одговор, неразбирлив за нас, кој единствено можеме да го протолкуваме само како вараќање на процесот назад.

Сакаме да потенцираме дека не се оди напред со враќање на процесите наназад!  Затоа ги повикуваме надлежните најпрвин да си го протолкуваат неразбирливиот одговор, а потоа да преземат чекори со кои конечно 183 вработени во судскатата полиција ќе го добијат правото кое го заслужуваат. Финансиските импликации кои ги пресметавме не се ниту големи ниту пак можат да го обременат Буџетот затоа што не се повеќе од 600 илјади евра.

Бараме Владата во најбрз можен рок да започне измена на наведените закони затоа што видот, обемот, природата и сложеноста на работата на судските полицајци е од таков тип што тие треба да влезат во графата за бенефициран стаж.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) пред крајот на минатата година писмено се обрати до Владата со барање да помогне да се заврши започнатата работа околу исплатата на неисплатените средства незаконски задржани за време на штрајкот со која не беа опфатени сите вработени. Владата одговори дека не се противи  на намирувањето на законските побарувања како и остварувањето на правата на припадниците на судската полиција и помошно-техничкиот пероснал, но нема надлежност да врши влијание врз работата и одлучувањето на Судскиот буџетски совет или да решава за распределбата на средствата од истиот.

Во дописот до Владата од 11.11.2019 година, Синдикатот на УПОЗ ја известува за проблемите што веќе долг временски период се провлекуваат и не се решаваат иако беа обезбедени сите услови за нивно решевање.  

Имено, Владата на РСМ обезбеди средства кои беа наменети за исплата на задржаните средства за време на штрајкот во 2016 година во судовите. Исто така, во јули минатата година беше донесена и Одлука за исплата на задржаните средства за штрајкот на неколку рати од страна на Судскиот буџетски совет. Но со жалење мора да констатираме дека судската полиција и помошно-техничкиот персонал, вработените преминати во други организации и веќе пензионираните, не им е извршена исплата на незаконски задржаните средства.

За да може вработените во судкската полиција кои штрајкуваа да им се изврши исплата потребно е да се потпише Правилникот за исплата на додатоци на плата од Министерот за правда. За помошно-техничкиот персонал за кој СБС донесе одлука да се изврши исплатата како прекувремена работа до ден денес ниту еден престтедаел на суд не посатпил по истата таа одлука. Се опструира и исплатата на вработените кои преминале да работат во друг суд, или друга организација како и исплатата на веќе пензионираните!

И додека опструкциите траеја и бараат да биде се по закон, потенцираме дека кога се работи за челновите на Судскиот совет одлкуите експресно се спроведуваат! Па така, си донесоа одлука и си поделија додатоци на плата за судиите повисоки за 10 %, и секако притоа скратија кај судкската администрација за која додатокот го преполовија на 5 %. За нееднаквиот третман реагираше Синдикатот на УПОЗ, но добивме неразумен одговор дека во сепртември администрацијата добила 5 % покачување на плата! Некој очигледно намерно заборава или сака да заборави дека платите на судиите се регулирани со посебен закон и не прави разлика што е плата, а што додаток на плата и дека нив не ги опфаќа ова зголемување.

Затоа, побаравме и се уште бараме од Владата на РСМ да преземе мерки со кои Судскиот буџетски совет целост ќе ја реализира исплатата. Владата во одговорот од 24.01.2020 година одговори дека не се противи на намирувањето на законските побарувања како и остварувањето на правата на припадниците на судската полиција и помошно-техничкиот пероснал прит ота наведувајќи дека немаат надлежност да вршат влијание врз одлучувањето на Судскиот буџетски совет.

Од 23.01 до 25.01.2020 година, во Велес се одржа работилница насловена “МОЕТО ПРАВО НА ИНФОРМИРАНОСТ”, која беше организирана од страна на Синдикатот на УПОЗ и Синдикалниот центар за едукација и обуки а поддржани од Советот на Европа и Европската младинска федерација.

На оваа работилница учество зедоа 24 учесници на Секцијата на млади при Синдикатот на УПОЗ од повеќе синдикални организации, со што уште еднаш се покажа дека голема е потребата од организирање на вакви работилници.

Првиот работен ден, учесниците во првата работна сесија беа запознаени од проектниот тим кој го презентираше целокупната активност на оваа работилница. По ова учесниците меѓусебно се запознаа и од страна на експертите беа запознаени за човековите права и влијанието на правото низ призма на Советот на Европа како донатор.

Во вториот работен ден, на почетокот учесниците беа запознаени со концептот на човековите права низ игра, по што дел учесниците беа поделени во работни групи и дискутира за тоа со кои човекови права тие се запознаени. Во вториот дел, главен збор имаше Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски кој ги запозна учесниците со најчестиот облик на повреда на работничките права - Мобинг , како и за заштитните механизми по што се разви дискусија.

Оваа тема беше доста интересна за сите учесници кои со внимание учествуваа во работата а во последниот ден беа презентирани натамошните активности на Секцијата на млади при Синдикатот на УПОЗ како и на СЦЕО.

Можеме да констатираме дека имавме успешна работилница и дека во наредниот период треба вакви работилници да бидат организирани што почесто.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) и Синдикалната организација при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на 19.1.2020 година на конференција за медиуите го осудија однесувањето на дополнителниот заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Во врска со упадот на дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветант Tрипуновски, Синдикатот на УПОЗ на прес конференција реагираше по повод ваквиот упад и особено што и покрај предупредувањето на раководителот на подрачното оделение тој продолжи со снимањето.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, однесувањето на дополнителниот заменик министер го оквалификува како непримерно, и според него ова претставува нарушување на личниот интегритет на вработените и своевиден мобинг и затоа упати апел до сите носители на јавни функции.

 „Апелираме до сите носители на јавни функции да се воздржуваат во натамошниот период до изборите од снимање, а доколку тоа е потребно за работниот процес, должни се тоа да го најават во Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на лични податоци”, потенцираше претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски.

Со цел спречување на понатамошни вакви случувања, Синдикатот на УПОЗ ќе ги извести и Европската и Светската федерација на синдикатите од јавниот сектор, кои имаат големо влијание во европските институции. Истoвремено на финкционерите им порача:

„Носителите на јавни функции да не ја злоупотребуваат јавната администрација и да не ја користат за сопствен партиски маркетинг и интереси заради остварување на изборни цели!”

Јавноста е сведок дека јавната администрација и пред и после избори секогаш е на удар на партиите и од едната и од другата страна и сите се обидуваат да ја користат за партиски цели.

„Јас како претседател на Синдикатот на УПОЗ мислам дека пред околу осум години кажав дека работата во јавната администрација е исто стресна, како и многу други професии, меѓутоа некои веројатно не го сфаќаат тоа и мислат дека денес е привилегија да се работи во јавната администрација. Да, ако се седи и ако не се работи, меѓутоа ако професионално се исполнуваат обврските сметам дека воопшто не е привилегија”, изјави Груевски.

Сепак, Синдикатот во врска со однесувањето на Трипуновски, не може ништо да преземе освен да предупреди јавно на свесност и совесност на вршењето на фунцкиите од страна на функционерите, но тој посочи дека доколку овој процес продолжи ќе ги рзагледаат сите можности што ги нудат институциите на системот.